Стрпи се, сега не е момент за прегледи, има ковид, е советот што 47 годишната Јелена Лазовиќ од Скопје го добилa пред речиси две години од својата матична докторка. Таа има автоимуна болест која се вика системски лупус кој делува на нервиот систем и на имуитет, односно ги напаѓа сопствените клетки и ткива.
Таа има и историја на заболување од рак во семејството. Но, долгоочекуваните испитувања никако да ги направи, оти пациентите кои немаат ковид наидуваат на затворени врати во скопските клиники. A секојдневието вели- не и е лесно.
„ Тоа брзо заморување те прави нефункционален, За да симнеш од жица алишта и само да ги наредиш во корпа и да треба да правиш пауза за да се одмориш, сигурно дека те успорува во најмала рака “ вели таа.
Видете и ова: Јавно здравство - јавно (не)задоволствоЛазовиќ објаснува дека додека правела испитувања во период пред паднемијата, открила дека има лупус со претпоставка дека алергиите ја активираат болеста, но со почетокот на пандемијата не можела да добие термин за испитувања на реуматологија.
„Акутен беше ковидот, секаде имаше ковид, дури и матичната докторка ми велеше дека не е сега момент, дека треба да се стрпам, затоа што не е тоа акутно и не е приоритет и сега еве се стрпувам веќе две години.Се обидувам сама да си помогнам со некои работи копи првично ми помогнаа, со суплементи, витамиснки додатоци, со терапија против алергии, внимавам околу исхрана“ објаснува таа.
Зголемен број на инфекции, реинфекции и смртни случаи од Ковид-19
Стравот од заразување и тоа што клиниките беа претворени во ковид центри оставија многу пациенти во изминативе две пандемиски години без соодветна здравствена нега.
„ Се работи за итно, а се чека по три до четири месеци дури да закажеш “
„Стварно многу тешко и треба многу среќа, претежно им се затворени сите термини, се снаоѓаме некако, ама многу тешко“
„Да имаше проблем со закажување преку Мој термин, со ургентен, ама имам контакт со докторката, рече да дојдеме, се јавивме и не прими,“ велат анкетираните граѓани.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид
Матичните лекари велат дека последниве две години им биле најтешки до сега. Еден проблем ни беа уплашените пациенти кои и во три по полноќ ѕвонеа стравувајќи дека имаат короновирус. Втор проблем ни беше затворениот здравствен систем, немавме каде да ги упатиме пациентите со други болести, вели докторката Лилија Чолакова Дервишова.
„Луѓето кои имаа потреба да проверат како им работи пејсмеркерот не може да стигнат до кардиолог. Луѓето кои имаа проблеми и 15 дена не можеа да излезат по надвор не можевме да ги пратиме на гастролог, дел од специјалистите беа повлечени во ковид центрите. Ние 6 месеци не можевме да најдеме термин на уролог да пратиме пациент“
Чолакова Девишова посочува дека пациентите кои што имаа пари не чекаа си направија проверки во приватните болници, но тие што немаа пари не можеа да стигнат до одредени специјалистички прегледи.
Во пандемиската 2020 година се забележани речиси илјада помалку откриени случаи на рак во однос на 2019 година.
Матичните посочуваат дека во пандемиските години забележале зголем број на пациенти со малигнитет, и дека нивното искуство во амубланта покажува дека оти тој број е далеку поголем од евидентираниот.
„Карцином на дојка и на дебело црево предничат во моите статистики во амбуланта, на почетокот имаше и пациенти со карцином на белодробие кои плашејќи се од ковид не се прегледале и се наполниле со метастази“, објаснува за нејзиното искуство во амбуланта со зголемениот број на пациенти со малигнитети докторката Чолакова- Дервишова.
Специјалите кои и овие две години без престан работеа предупредуваат дека по завршувањето на пандемијата со ковид-19 во земјава, не очекува пандемија со малигни заболувања.
„ Проблемот е во кој стадиум ќе стигнат во која состојба ќе стигнат. Искрено мислам дека многу од пациентите кои егзалтираа од ковид-19, починаа поради недијагностицирани основни заболувања, дали лимфом, дали кардиоваскуларно, дали дијабет, пациентите едноставно престанаа да одат на лекар“ , вели директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска- Ставридис .
Во изминативе две години од последици ковид-19 починаа над 8 илјади луѓе.
Ако се анализираат статистичките податоци во период од 2012 до 2019 година во просек годишно починале околу 20 илјади луѓе. Во пандемиската 2020 година починале 5 илјади луѓе повеќе. Нешто повеќе од половина од нив починале од последици од ковид-19. Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат и зголемена смртност во пандемиската 2020 во однос на претходната кај пациенти со срцевите заболувања, рак и респираторните болести.
Родителите на Лазовиќ починаа од рак, тоа ја става неа во група на луѓе со висок ризик фактот за заболување од рак кои редовно треба да прават превентивни прегледи, но поради пандемијата никој не ја повикал на скрининг.
„Ако превенцијата е наша обврска на пациентите, каде е тука навремената детекција? Кој треба да ни ја пружи? Што е со тие кои немаат пари приватно да одат и да превенираат одредени болести за кои имаат потенцијал ?
Решението за матичните лекари е здравствениот систем повторно да се отвори целосно за прием на пациенти, додека специјалистите пак велат, пациентите треба почесто да доаѓаат на прегледи и контроли.
Лазовиќ се надева дека напролет кога е погодно време за испитување на нејзината болест ќе може да ги заврши долгоочекуваните испитувања.