Тајните на Трамп на јавното сведочење на Коен

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Што има јавно да каже екс адвокатот на Трамп?

Поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, според најавите, на денешното сослушување во Конгресот ќе кажел дека Трамп бил „расист“ и „изманик“. Тој неколку пати го прашал и за проектот за изградба облакодер во Москва. Тоа се случило многу подоцна откако Трамп ја обезбеди републиканската номинација за претседателски кандидат, што е кршење на законот.

Во маратонот на Капитол Хил оваа недела, поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, подели нови информации во истрагата, вклучувајќи го и тоа дека во 2016 година Трамп го прашал неколку пати за предлогот за изградба на облакодер во Москва и тоа откако ја обезбедил кандидатурата за претседател од републиканците.

Агенцијата Ројтерс јавува дека Коен, кој се соочува со три години затвор, откако се изјасни за виновен за повеќе кривични дела, ќе фрли поголема светлина врз истрагата против Трамп.

Голем дел од тоа сведочење е зад затворена врата, освен денешното пред моќниот Надзорен комитет.

Некои овој момент го споредуваат со сведочењето на Џон Дин во скандалот Вотергејт.

Пред денешното сослушување Коен изјави:

„Во овој момент, навистина ја ценам можноста што ми беше дадена за да го исчистам досието и да ја кажам вистината и со нетрпение очекувам утре да му ја кажам на американскиот народ мојата приказна“.

Се очекува Коен да изнесе и детали во врска со исплатите на актерката на филмови за возрасни Стефани Клифорд, позната како Сторм Даниелс.

Претседателот на Надзорниот комитет, демократот Елија Камингс вели дека сослушувањето нема да се задржува на Русија, бидејќи истрагата на специјалниот советник Роберт Милер била се уште во тек.

Истрагата ќе биде фокусирана врз можното кршење на законите за финансирање на кампањата и за даноците, како и тоа дали бизнис зделките на Трамп претставуваат судир на интереси.

Коен беше еден од најблиските помошници на Трамп, а своевремено рекол дека е подготвен и да загине за Трамп.

Но, тој во минатата година се сврте против својот поранешен шеф и соработува со обвинителите откако се изјасни за виновен за затајување данок, банкарски измами и кршење на финансирањето на кампањата.

Коен изјави дека Трамп му наредил да им исплати пари на две жени кои рекоа дека имале сексуални односи со Трамп, што претставува кршење назаконите за финансирање на изборната кампања.

Веднаш потоа Трамп го нарече Коен „стаорец“.