Ву: Европа треба двапати да размисли за соработката со Кина
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Европските земји, вклучувајќи ги Унгарија, Романија и Србија треба да „размислат двапати“ за продлабочување на економските врски со Кина пред нивната надворешна политика да стане „искривена“, предупреди тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву за време на неговото дипломатското патување низ Европа. Во интервју за Радио Слободна Европа, Ву изјави дека Тајван бара „нови пријатели“во период на зголемена тензија со Кина. Пекинг смета дека самоуправувачкиот Тајван е една од неговите провинции и неодамна ја засили воената активност во регионот. Американскиот претседател Џо Бајден ја повтори американската „цврста“ посветеност кон Тајван. Но, Бајден предизвика збунетост кога рече дека Соединетите Држави ќе застанат во одбрана на Тајван доколку тој биде нападнат од Кина, отстапувајќи од долгогодишната американска политика на „стратешка двосмисленост“. Ву рече дека САД остануваат сигурен сојузник и покрај хаосот што следеше по повлекувањето на САД од Авганистан.