Талибанците го имплементираа најрепресивниот режим во светот за жените, се вели во соопштението на мисијата на Обединетите нации во земјата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми март, повикувајќи ги авганистанските владетели да ги укинат строгите ограничувања што ги воведоа врз женската популација откако се вратија на власт.
Радикалната исламистичка група, која се врати на власт во земјата зафатена од војна во август 2021 година, кога силите на САД и НАТО се повлекоа, првично вети дека ќе ги дозволи правата на жените и на малцинствата.
Сепак, талибанците зазедоа тврд став, дополнително рушејќи ги правата на жените и ограничувајќи ги слободите, вклучително и наметнување забрана за образование на девојчињата по шесто одделение.
Видете и ова: Што значи 8-ми Март - дупка во знаењето на младитеЖените беа принудени да се покриваат, им беше забрането да работат на јавни места и им беше забрането да работат за домашни и странски невладини организации, додека патувањето или работата надвор од нивниот дом е во голема мера ограничено.
Меѓународната организација на трудот на 7 март соопшти дека вработеноста на авганистанските жени е намалена за 25 отсто по враќањето на Талибанците на власт.
„Авганистан под талибанците останува најрепресивната земја во светот во однос на правата на жените“, рече Роза Отунбаева, специјален претставник на генералниот секретар на ОН и шеф на Мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА).
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Таа додава дека талибанците користат „методични, намерни и систематски“ методи за задушување на правата на женските.
Во Авганистан живеат 38 милиони луѓе, а агенциите за помош и хуманитарните организации проценуваат дека повеќе од половина од жителите страдаат од глад. На најголем ризик од неухранетост се изложени децата.
Видете и ова: Руси и талибанци меѓу санкционираните од ЕУ за сексуално насилство„На Меѓународниот ден на жената, Обединетите нации во Авганистан го обновуваат својот повик до де факто властите во земјата да ги запрат и да ги поништат острите ограничувања на основните права на жените и девојките“, се вели во изјава на УНАМА.
„Правата на жените и девојките мора веднаш да бидат обновени за да се изгради инклузивен, мирен и надежен Авганистан“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека ефектот од суровиот третман на жените го чувствуваат сите Авганистанци и дека тоа ќе се одрази на понатамошните генерации.
Околу 20 жени одржаа протест во Кабул на 8 март, што е редок пример. Тие ја повикаа меѓународната заедница да се вклучи и да обезбеди заштита на Авганистанците, пренесе Агенцијата Франс Прес.