Статуи и споменици - цел на антираситичкото движење
Статуата на Роберт Милиган, робовладетел, е отстранета од Музејот Докландс во Лондон по смртта на Џорџ Флојд кој почина во полициски притвор во Минеаполис, Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, најави преглед на сите статуи на градот и на имињата на улиците, велејќи дека оние што имаат врски со ропството „треба да бидат отстранети“.
Отстранување на статуа на Роберт Милиган во Лондон.
Оваа комбинација на слики покажува демонстранти кај статуата на трговецот со робови Едвард Колстон во Бристол, југо-западна Англија, за време на демонстрациите организирани за да се покаже солидарност со движењето „Black Lives Matter“ поради убиството на Џорџ Флојд.
Статуата на трговецот со робови од 17 век Едвард Колстон во Бристол, Британија фрлена во вода откако демонстрантите ја срушија за време на протестот против расната нееднаквост по смртта во полицискиот притвор во Минеаполис на Џорџ Флојд.
Транспарент над натписот на пиедесталот на соборената статуа на Едвард Колстон во Бристол, Англија. Соборувањето на статуата беше пречекано со радосни сцени, признавање на фактот дека тој бил озлогласен трговец на робови.
Статуата на војникот на Конфедерацијата, Џон Б. Кастлман е подготвена за отстранување од пиедесталот каде стоеше повеќе од 100 години, додека протестите против расна нееднаквост продолжуваат, во населбата Чироки во Луисвил, Кентаки, САД 8 јуни. 2020 година.
Статуи на Конфедерацијата како оваа прикажана во Александрија, Вирџинија, САД, се отстранети по наредба на локалните власти и Владата на Вирџинија.
Фотографија од видео направено и објавено од белгискиот телевизиски канал АТВ-АНТВЕРП ТЕЛЕВИЗИЈА на 9 јуни 2020 година во Антверпен, ги прикажува градските работници како ја симнуваат статуата на починатиот белгиски крал Леополд Втори. Статуите на Леополд веќе долго време беа цел на активисти поради неговите активности во белгиските африкански колонии.
Статуа на поранешниот белгиски крал Леополд Втори испрскана со графити во паркот во Тервурен, во близина на Брисел, Белгија, на 9 јуни 2020 година.
Демонстранти ја соборија статуата на Едвард Кармак, откако мировните демонстрации се претворија во насилни на 31 мај 2020 година, во Нешвил, Тенеси. Кармак беше политичар во раните 1900ти познат по неговите расистички позиции.
Пиедесталот на кој беше статуата на генералот на Конфедерацијата, Роберт Ли, стои празен пред средното училиште, именувано по него во Монтгомери, Алабама. Четири лица беа обвинети за кривично однесување откако некој ја отстрани статуата среде протестите на по убиството на Џорџ Флојд во Минесота.
Луѓе се собираат околу споменикот на генерал Роберт Ли во Ричмонд, Вирџинија, на 4 јуни 2020 година, во услови на континуирани протести за смртта на Џорџ Флојд. Претходно гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам, објави дека планира да ја отстрани статуата на генералот Ли „што е можно поскоро“.
The statue of Christopher Columbus is seen on the ground after it was pulled down by protesters, following the death of George Floyd who died in police custody in Minneapolis, in Richmond, Virginia, U.S., June 9, 2020, in this picture obtained from social media. Columbus has been celebrated for centuries in the U.S. despite his history of colonization, enslavement and violence toward Native Americans.
Полицијата стои во близина на вандализираната статуа на контроверзниот поранешен градоначалник на Филаделфија, Франк Рицо, во Филаделфија, за време на протестите за смртта на Џорџ Флојд, Рицо бил познат по расистички и хомофобични политики и верувања.
Пиедесталот каде беше поставена а статуата на адмирал Рафаел Семс во Мобиле, Алабама. Градот Мобиле ја отстрани статуата без да даде никакви јавни соопштенија.
Демонстрантите држат плакати додека протестираат за отстранување на статуата на британскиот империјалист Сесил Роудс во Оксфорд, САД. Илјадници луѓе бараа отстранување на статуа на империјалистот Сесил Роудс.
Статуата на британскиот империјалист Сесил Роудс
Споменик на Конфедерацијата покриен со чаршафи и торби во центарот на Портсмут, Вирџинија.
Графити на протестот во Меморијалот центар Џеферсон Дејвис во Ричмонд, Вирџинија. Џеферсон Дејвис беше претседател на САД за време на граѓанската војна.