Старт на ФРОНТЕКС во Северна Македонија

Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија

Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување

Операцијата има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети

Планирано е во текот на 2023 година Фронтекс да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности долж државната граница

Договорот за ФРОНТЕКС беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Договорот со ФРОНТЕКС е прв ваков договор помеѓу ЕК и Република Северна Македонија на македонски јазик

Договорот со ФРОНТЕКС отвора можност за воспоставување заеднички операции на европската Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија

Операциите на ФРОНТЕКС првично ќе ја покриваат јужната граница со Грција, а подоцна е предвидено да се прошират и да ги опфатат границите со Србија и Албанија

Полициските службеници од ФРОНТЕКС и македонските гранични полицајци ќе учествуваат во заеднички тренинг активности за развој на капацитетите на гранична контрола преку размена на оперативни информации, професионално искуство и најдобри воспоставени практики

Полициските службеници од ФРОНТЕКС и македонските гранични полицајци ќе работат под команда и контрола на македонската Гранична полиција

Високи странски и домашни функционери присуствуваа на свечената церемонија за старт на ФРОНТЕКС операцијата

На свеченоста присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, извршниот директор на Фронтекс Ханс Лејтенс, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и Лена Дупонт – член на Европскиот Парламент и известувач за Договорот за статус помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија