Српското обвинителство најави истрага за сите напади за време на „Европрајд“ маршот

Белград - Србија - Европрајд 2022

Српското обвинителство ќе направи се за да ги открие и гони лицата кои го предизвикаа насилството во саботата за време на прошетката на Европрајд, порача обвинителот во Белград, Ненад Стефановиќ.

„Посебно нагласувам дека обвинителството ќе ги насочи сите расположливи капацитети за утврдување на сите релевантни околности за нападот врз припадниците на Министерството за внатрешни работи, нападите и заканите насочени кон новинари, како и поединечни учесници на „ Европрајд“, порачал Стефановиќ.

Од обвинителството нагласуваат дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе работат на откривање и процесуирање на лица кои извршиле акти на насилство.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин во саботата навечер изјави дека во немирите се повредени 13 полицајци, а оштетени се пет полициски возила. Тој ги посети повредените полицајци во болница и рече дека белградската полиција покажала дека не се плаши од „притисоци или хулигани“.

Припадниците на ЛГБТ+ популацијата пешачеа по изменетата рута од Уставниот суд до блискиот парк на Ташмајдан, каде што се одржа концерт. Во прошетката учествуваа и дипломати и европски претставници.

Под силно полициско обезбедување и помали инциденти се одржа „Европрајд“ во Белград

Прошетката се одржа со силно полициско обезбедување и спорадични инциденти со десничарските активисти. Организаторите на прошетката на Европрајд се соочија со големо противење од ултрадесничарската, но и од Српската Православна Црква.

Белград беше овогодинешниот домаќин на „Европрајд“, меѓународен настан посветен на правата на ЛГБТ+ заедницата.