Спортистките во Авганистан под бурки во страв од талибанците

Женски фудбалски тим позира за портет, во Кабул. Жените и девојките мора да го кријат својот идентитет со бурки – наметки и качулки кои целосно им ги покриваат лицата, оставајќи им само мрежа низ која може да се гледа – додека се соочуваат со заплашување, закани и во некои случаи, тепање од членовите на семејството затоа што спортуваат.



 

Девојка која тренира мешани боречки вештини позира со своите трофеи во Кабул. Оваа млада жена била тепана од нејзината мајка, исмевана од соседите и останала скршена. „Веќе не сум истата личност“, вели таа. „Откако дојдоа талибанците, се чувствувам како да сум мртва.“
 

Девојка тренира теквондо во Кабул

Дваесетгодишната Сарина, се сеќава како во август 2021. се натпреварувала на локален турнир за жени во спортската сала во Кабул. Меѓу публиката и учесниците се проширила веста дека талибанските борци напредуваат на периферијата на градот. Сите жени и девојки избегале од салата. Тоа било последно натпреварување на кое учествувала. На фотографијата е прикажана девојка која тренира тајландски бокс, во Кабул.

Талибанците исто така ги заплашувале и малтретирале оние кои порано тренирале. Па тие се плашеле дури и приватно да тренираат. Фотографијата е портрет на боксерка, во Кабул.
 

На фотографијата позира авганистанска девојка со нејзиниот скејтборд. Освен да спортуваат, на девојките им е забрането и да посетуваат средно и високо образование. Минатиот месец се нареди сите жени да се исфрлат од универзитетот. 

Авганистанка која вежба џиу-џицу, јапонска боречка вештина, позира во Кабул со чекан што го користи за вежби за сила. Талибанските власти постојано ветуваа дека ќе им дозволат на девојчињата од седмо одделение да се вратат на училиште, но не ги исполнија своите ветувања.


 

Талибанците исто така им забранија на жените да посетуваат паркови или теретани и бараа од нив да ги покриваат лицето и косата додека се во јавност. Тие, исто така, сериозно ја ограничија способноста на жените да работат надвор од домот. Неодамна им забранија на жените да работат во невладини организации. На фотографијата е велосипедистка на својот тркачки велосипед, во Кабул.
 

Дури и пред талибанците да ја преземат власта, многумина во длабоко конзервативното општество во Авганистан се противеа на женскиот спорт како навреда на очекуваната скромност на жените и нивната позиција во општеството. На фотографијата се прикажани девојки во Кабул кои тренираат вушу, кинеска боречка вештина.

Портпаролот на талибанската спортска организација и Националниот олимписки комитет изјави дека властите бараат начин да го рестартираат женскиот спорт со изградба на посебни спортски објекти. Но, тој не даде временска рамка и рече дека за тоа се потребни средства. На фотографијата е авганистанка која игра крикет, во Кабул.

Друга жена раскажува дека на денот кога талибанците влегле во Кабул, нејзиниот тренер се јавил кај мајка ѝ и ја замолил да ја однесе ќерката надвор од земјата. Но, мајката одбила бидејќи не сакала нејзината ќерка да си замине. Кога дознала за тоа, девојката си ги пресекла вените и завршила во болница. „Светот ми стана мрачен“, изјавила таа. На фотографијата е прикажана авганистанска одбојкарка.

Кошаркарка во Кабул

Девојки тренираат тајландски бокс. Една од нив вели: „Дури иако животот ми беше тежок, некогаш верував во себе и знаев дека со вложување на труд можам да правам што сакам. Сега веќе немам многу надеж.“