Владата денеска одлучи да предложи воведување вонредна состојба на целатата територија на Северна Македонија, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Предлогот ќе му биде доставен на Собранието да прогласи вонредна состојба, кое иако е распуштено, вели Спасовски, може да се свика во вакви ситуации. Премиерот додаде дека Владата смета оти со прогласување на вонредна состојба веднаш, ќе се засили борбата со коронавирусот за заштита на здравјето на сите граѓани.
„Вонредната ситуација е сериозна ситуација пред која сме исправени. Ова е вонредна ситуација и е потребна вонредна состојба. Владата на РСМ нема ни најмалку дилема. Предлагаме воведување вонредна состојба на цела територија сега и веднаш. Мерките што досега се носеа дадоа резултати, но тие мерки мора да се заострат за да спречиме поголем пик на коронавирусот во кратко време.
Уверени сме дека со воведување вонредна состојба тоа ќе се спречи. Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Владата ќе предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Иакое распуштено, постои уставна одредба дека претседателот на РСМ може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена“, рече Спасовски.