Судијката Наталија Репникова пресуди условната казна што Навални ја доби во 2014 година да се промени во казна затвор од три ипол години, додавајќи дека времето поминато во домашен притвор во изречената казна ќе се смета за издржано време, со што се намалува неговиот затвор на 2 години и 8 месеци. Адвокатот на Навални, Олга Михаилова, рече дека пресудата ќе биде обжалена.
Веднаш по изрекувањето на пресудата, приврзаниците на Навални веднаш повикаа на натамошни големи протести што ја тресеа земјата во текот на изминатите два викенда, истовремено поткопувајќи ја способноста на неговиот тим да води кампања против владејачката партија Единствена Русија пред клучните парламентарни избори во септември.
Судењето во Москва беше во време на меѓународно негодување во врска со притворот на Навални и откако десетици илјади Руси се собраа во изминатите два викенда на најголемите протести против претседателот Владимир Путин во последната деценија.
Полицијата приведе околу 10.000 луѓе во голем број градови во текот на овие демонстрации, користејќи груби тактики за смирување на главно мирното несогласување против притворотна Навални и корупцијата .
Приведувања приврзаници на Навални пред судот во Москва
Многу од блиските соработници на Навални и неговата сопруга Јулија се или приведени или им е изречена мерка домашен притвор.
Полицијата во Москва апсеше и за време на денешното судското рочиште. Силното полициско присуство беше видливо пред градскиот суд во Москва. Ројтерс соопшти дека стотина лица биле приведени од полицијата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Навални за разлика од претходниот пат кога на судот му се обрати од притвор преку видео врска, денеска беше присутен во судот.
Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи оцени дека присуството на странски дипломати на денешното сослушување е мешање во внатрешните работи на Русија.
Нов закон во Русија: социјалните мрежи ќе може да блокираат повици за протести
Навални е во притвор откако се врати на 17 јануари од Германија, каде што заздравуваше од труењето со нервен отров во август лани, за кое тој обвини дека го нарачал Путин.
Кремљ ги отфрли обемните докази дека државни агенти го отруле Навални, како и меѓународните повици за негово ослободување.
Видете и ова: Блинкен најави можна реакција на САД за случувањата во РусијаОбвинителството тврди дека Навални ги прекрши условите за условна казна од 2014 година во случајот проневера. Навални вели дека не бил во можност да се пријави во затворската служба на крајот на минатата година, бидејќи се опоравувал во Германија откако бил отруен.
Европскиот суд за човекови права веќе пресуди дека таканаречениот случај на измама Ив Рошер е „произволен и очигледно неразумен“.
Соединетите држави и нивните европски сојузници повикаа на итно ослободување на Навални и крај на полициското насилство врз демонстрантите.
Во телевизиско интервју емитувано на 1 февруари, државниот секретар Ентони Блинкен рече дека е „длабоко вознемирен од насилната акција“ и дека американската администрација размислува да одговори на притворот на Навални, како и на други прашања што ги загрижуваат. Блинкен не спомна конкретни санкции против Москва.
Официјални претставници на ЕУ рекоа дека чекаат со одговорот - вклучително и посеопфатни санкции - во очекување на резултатот од сослушувањето на Навални.
Борел изрази жалење за масовното апсење на демонстранти во Русија
Шефот на надворешната политика на ЕУ Жозеп Борел се очекува да престојува во Москва од 4 до 6 февруари и да се состане со највисоките руски претставници и граѓански здруженија. Притворот и труењето на Навални се очекува да биде на високо место на неговата агенда.
Кремљ денеска изрази надеж дека Европската унија нема да ги поврзе своите односи со Русија со случајот Навални. Таквиот потег, според Москва, би бил глупав.