Советот за безбедност почна без Спасовски, Филипче и Османи

Архивска фотографија - Седница на советот за безбедност кај претседателот Пендаровски

Седницата на Советот за безбедност, на која се очекува да се расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19, почна без премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и без министерот за здравство Венко Филипче, кои имаа вчера имаа средба со кумановскиот градоначалник Максим Димитривски, кој е позитивен на коронавирусот.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за МИА информирале дека на седницата не дошле Спасовски, Филипче и Османи.

Пред почетокот на седницата, кумановскиот градоначалник Димитриевски објави дека е позитивен на коронавирусот, по што вицепремиерот објави дека нема да присуствува на Советот за безбедност и дека ќе се тестира во вторник.