Соборени статуи и споменици во историјата

Глава од споменикот на рускиот цар Александар Трети за време на демонтажата во центарот на Москва. Гигантската статуа беше срушена веднаш по револуцијата во 1917 година, што доведе до комунистичка власт во Русија.

Царски двоглав орел е отстранет од Кремљ по болшевичката револуција. Орлите беа заменети со комунистичките црвени везди кои денес го красат Кремљ. 

Фрагменти од статуа на полскиот крал Владислав Втори лежат на земја, откако беше уништена од нацистичките трупи по инвазијата во Полска во 1939 година

Нацистички трупи ја чекаат наредбата да ја срушат бистата на австрискиот канцелар Енгелберт Долфус по анексијата на Австрија од страна на нацистичка Германија во 1938 година.

Работници го отстрануваат знакот од некогашната улица Адолф Хитлер во Трир, Германија, во 1945 година по поразот на нацистичка Германија.

Главата на Јозеф Сталин е оставена на улицата во Будимпешта, откако статуата на комунистичкиот диктатор беше урната за време на Унгарската револуција во 1956 година.

Статуа на деца со цвеќиња, прикажана како му оддава почит на Јозеф Сталин, откако била оштетена за време на унгарската револуција.
 

Споменик од гранит од 15,5 метри на Јозеф Сталин кој стоел над Прага од 1955 година е срушен со експлозив во 1962 година.

Мажи удираат по статуата на британскиот политичар Сесил Родос во Зимбабве, откако африканската земја порано позната како Родезија доби независност од страна на Велика Британија во 1980 година.
 
 

Бронзената статуа на албанскиот диктатор Енвер Хоџа е соборена по антикомунистичката револуција во земјата, која започна во 1990 година.
 

Пејзаж на Бамијан ја покажува празнината во карпата каде славниот авганистански гигантски Буда стоел со векови пред да биде уништен од Талибанците во 2001 година, потег што групата рече дека е „во согласност со исламскиот закон“.

Ирачани и соборената статуа на ирачкиот диктатор Садам Хусеин по американската инвазија во земјата во 2003 година.
 

Споменик покриен со графити што некогаш стоел во Триполи, Либија. Познатата скулптура беше соборена за време на граѓанската војна во 2011 година и сега, наводно, е во либиски музеј.

Активисти го урнаа најголемиот украински споменик на Владимир Ленин, во источниот град Харков, по руската анексија на Крим во 2014 година.
 

Милитант на Исламска држава урива статуа во внатрешноста на музејот во Мосул, северен Ирак, во 2014 или 2015 година. Муслиманските екстремисти уништија неколку антички богатства во музејот.
 
 

Бидејќи јавната расправа бесне околу отстранувањето или вандализамот врз споменици и статуи во Соединетите држави и Британија, се осврнуваме врз некои споменици, урнати во поновата историја.