Со што Бајден му се закани на Путин околу Украина?

Владимир Путин и Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе биде погодена со „силни економски и други мерки“ доколку Москва започне офанзива против Украина, соопшти Белата куќа.

Видео конференцијата, беше третиот разговор со Путин откако Бајден ја презеде функцијата во јануари. Состанокот се случи во момент на веќе затегнати односи меѓу Вашингтон и Москва поради заканите за нова потенцијална инвазија на Украина од страна на руските сили.

Во последниве месеци, Путин и другите руски функционери изјавија, со зголемена отвореност, дека изгледите за членство на Украина во НАТО е „црвената линија“ што ќе наиде на неодреден одговор од Москва.

Бајден: Ќе направам „да ѝ биде тешко“ на Русија да ја нападне Украина

Украинските власти соопштија дека околу 90.000 руски војници се распоредени во регионите во близина на украинската граница и на полуостровот Крим, кој Русија го зазеде во 2014 година.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Украински војници подготвени за можен руски напад

Минатиот викенд, неименувани американски претставници изјавија за Вашингтон пост и други американски медиуми дека Русија е подготвена да користи до 175.000 војници во мултифронтална офанзива против Украина на почетокот на следната година.

Зголемувањето на бројот на војниците во близина на Украина е едно од најголемите во последните неколку години, што го вклучи алармот во Украина и во западните престолнини.

На оваа слика објавена од Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден разговара со рускиот претседател Владимир Путин. 07 декември 2021 година

„Претседателот Бајден ја изрази длабоката загриженост на Соединетите држави и нашите европски сојузници за ескалацијата на силите на Русија околу Украина и јасно стави до знаење дека САД и нашите сојузници ќе одговорат со силни економски и други мерки во случај на воена ескалација“, соопшти Белата куќа. Бајден, како што се наведува, не направил „обврзувања или отстапки“ за барањата на Путин.

Кремљ соопшти дека Путин му рекол на Бајден дека НАТО ги зајакнува своите воени капацитети во близина на границите на Русија и „прави опасни обиди да ја освои украинската територија“.

Сателитски снимки откриваат трупање на руски војници во близина на украинската граница и на Крим

„Затоа, Русија е сериозно заинтересирана да добие сигурни, законски фиксни гаранции кои ја исклучуваат експанзијата на НАТО кон исток и распоредувањето на офанзивно ударно вооружување во државите блиски до Русија“, соопшти Кремљ.

Украинскиот министер за одбрана ја обвини Русија дека се подготвува за можна офанзива

Иако Украина не е членка на НАТО, а веројатно нема да биде членка на НАТО и во наредните неколку години, Русија ја гледа можноста Киев да се приклучи на Алијансата како закана, особено по проширувањето на НАТО во земјите од поранешниот советски блок во доцните 1990-ти и раните 2000-ти.

По вчерашните разговори, советниците за надворешна политика на двајцата претседатели понудија дополнителни сознанија за разговорите.

Во Москва, помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави: „Претседателите ја покажаа својата подготвеност да продолжат со практичната работа и да започнат да разговараат за чувствителните прашања кои сериозно ја засегаат Москва“.

Видете и ова: НАТО треба да има војници во Украина на ротациона основа за да ја одврати Русија

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан рече дека Бајден му рекол на Путин оти „оние работи што не ги направивме во 2014 година, подготвени сме да ги направиме сега“, мислејќи на американските санкции кон Русија поради нејзината анексија на Крим и поддршката за сепаратистите во источниот дел на Украина.

Не е јасно со каква точно казна се заканува администрацијата на Бајден ако Русија изврши напад врз Украина.

Некои аналитичари укажаа на можноста Русија да биде отсечена од меѓународниот систем на финансиски плаќања познат како SWIFT, потег што ќе ја уништи руската економија.

„Сè уште не веруваме дека претседателот Путин донел одлука. Она што го направи претседателот Бајден беше многу јасно да ги изложи последиците во случај Путин да се реши“, додаде Саливан.

Столтенберг: Русија би платила висока цена за агресија врз Украина


Друга можна казнена мерка би била обновениот напор за блокирање на гасоводот Северен тек 2, гасоводот на Балтичкото Море, кој значително ќе ги зголеми испораките на руски гас во Европа преку Германија, откако ќе биде одобрен од регулаторите.

Претходно оваа година, администрацијата на Бајден постигна договор со Германија со кој беа избегнати санкциите за операторот на гасоводот. Но, во последните денови германските власти предупредија дека руската инвазија на Украина ќе стави крај на гасоводот.

Видете и ова: Што се крие зад стравот од можна руско-украинска војна?

„Ако Русија сака нејзиниот гас да тече низ Северен тек 2, „не треба да ја нападне Украина“, им рече Саливан на новинарите.

Украина од почетокот на 2014 година води војна против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина во која загинаа повеќе од 13.200 луѓе.

Русија тврди дека Киев не ги исполнува своите обврски според договорите од Минск од 2014 и 2015 година, со цел да се стави крај на конфликтот во источна Украина.

На нивната средба, Путин му рекол на Бајден дека Украина зазема „деструктивна линија“ чија цел е да го укине спроведувањето на договорите од Минск, соопшти Кремљ.

Откако Бајден и Путин се сретнаа во Женева во јуни, многу експерти се надеваа дека конфликтот во Украина ќе се приближи кон решавање, бидејќи Вашингтон и Москва бараа начини да ја спречат надолната спирала во односите.

Висок британски командант предупредува на зголемен ризик од војна меѓу Русија и Западот

Двајцата лидери разговараа телефонски и во јули, кога Бајден му се јави на Путин да стори повеќе за да ги сузбие хакерските напади против САД. Многу од водечките хакерски групи работат или потекнуваат од Русија.

Бајден, исто така, испрати и други високи административни службеници, вклучително и директорот на ЦИА, Бил Барнс и ветеранот руски експерт Викторија Нуланд, сега државен потсекретар за политички прашања, во Москва за да се обиде да ги поправи оградите.

Рускиот претседател Владимир Путин разговара со американскиот претседател Џо Бајден преку видео врска во Сочи, Русија, 7 декември 2021 година.

Пред видео-конференцијата, Бајден разговараше со лидерите на Британија, Франција, Германија и Италија и „се согласи да остане во близок контакт за координиран и сеопфатен пристап како одговор на руското воено засилување на границите на Украина“, соопшти Белата куќа.

По разговорите со Путин, Бајден оствари уште еден повик со европските лидери, на кој разговараше за последиците од руската воена акција во Украина.

„Лидерите ја истакнаа нивната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата Русија да ги намали тензиите и да се вклучи во дипломатијата“, соопшти Белата куќа.