Здравствената заштита во Бугарија, која се соочува со криза поради пандемијата со ковид-19 во услови на рекордно високи инфекции и рекордно ниски стапки на вакцинација во ЕУ, се соочува со дополнителна контрола откако на болна жена во инвалидска количка ѝ беше одбиен прием во болница во северозападниот дел од земјата.
Нејзините последни моменти се снимени на видео и објавени на социјалните мрежи.
Луѓето протестираа пред болницата во Враца, на околу 100 километри од главниот град Софија, со повици за разрешување на министерката за здравство Асена Сербезова, која веќе нареди истрага за инцидентот.
Беше објавено дека жената боледувала од респираторни проблеми, но не е јасно дали можеби била заразена со коронавирус.
Видете и ова: Натепан лекар во Бугарија поради ставена вакцина против ковидБугарија се бори да ја задржи пандемијата на ковид-19, имајќи некои од највисоките стапки на смртност и една од најниските стапки на вакцинација во ЕУ.
Со речиси 7 милиони луѓе, Бугарија има регистрирано скоро 33.500 смртни случаи поврзани со ковид-19, при што помалку од 29 насто од населението е вакцинирано.
Меѓу оние кои најгласно повикуваат за смена на Сербезова е ултрадесничарската партија Преродба, чиј лидер Костадин Костадинов се спротивставува на мерките за заклучување, порака што ја пренесуваат и следбениците на неговата партија на социјалните мрежи.
44-годишната жена од блиското село Пудрија на 1 февруари била однесена во болницата „Христо Ботев“ во Враца од нејзиниот партнер, кој седнал зад воланот откако брзата помош не се појавила речиси еден час откако ја повикал по телефон.
На видеото кое кружеше на социјалните мрежи, но оттогаш беше избришано, може да се види жената како седи во инвалидска количка со малолетно лице, опишано како нејзино дете, како стои до неа на рецепцијата на одделението за итна помош.
Судири во Софија на полицијата и демонстрантите против ковид мерките
На видеото, партнерот на жената се расправа со медицинска сестра која може да се слушне како прашува дали жената е пијана пред да побара матичен број и да ѝ се направи тест за коронавирус.
Човекот ѝ вели дека би било подобро да подготви умреница, пред да замине за да ја земе картичката со матичен број.
Видете и ова: Како Бугарија ќе ги вакцинира граѓаните кога не може да ги убеди ни лекарите?По 40-минутно чекање на рецепцијата и без медицинска помош, жената починала во инвалидската количка додека нејзиното дете стои до неа.
Според роднините на починатата, нејзината состојба драстично се влошила неколку часа порано, бидејќи се жалела на тешкотии со дишењето, симптом кој често се поврзува со ковид-19.
„Ме погоди ужасното однесување на рецепцијата. Требаше да ја примат и да викнат лекар“, рекол Иван Илиев, кој бил сведок на инцидентот, а според бугарските медиуми, е тој што го снимил, а подоцна и го поставил видеото на Фејсбук, пред потоа да биде симнато.
Медицинската сестра во центарот на скандалот, Викторија Христова, изјави дека само ги следела болничките правила и ја отфрла вината, велејќи дека семејството чекало предолго пред да ја донесе жената во болница.
Петар Керемедчиев, началникот на болницата во Враца, изјави дека Христова ќе биде отпуштена, велејќи дека давањето здравствена заштита секогаш треба да ги надминува бирократските процедури.
„Она што го видов на видеото е одвратно. Ќе ги преземам најстрогите мерки“, изјави Керемедчиев, цитиран од бугарските медиуми.
Рекорден број на инфекции во Германија и Бугарија
Подоцна, на 2 февруари, толпа се појави пред одделението за итни случаи во знак на протест поради инцидентот.
Во меѓувреме, министерката за здравство Сербезова најави дека Агенцијата за медицински надзор на земјата ќе ги разгледа дејствијата на болницата и нејзиниот медицински персонал.
Таа вели дека е „неприфатливо бирократските барања да ја одземат шансата да се живее во ситуација кога секоја секунда е вредна“. Локалното обвинителство отвори сопствена истрага.
Во бугарскиот парламент пак, Костадинов, чија партија „Преродба“ освои 13 места во 240-членото Национално собрание за време на општите избори во земјата во ноември 2021 година, побара од Сербезова да се повлече пред да ја влоши состојбата на здравствениот систем во земјата.
„Да се види жена како умира пред своето дете е нечовечко и нешто грдо“, рече тој, додавајќи: „Бугарија е на прво место по смртност поради дегенерираниот здравствен систем кој го убива бугарскиот народ“.
Сепак, тој не нотира дека многу од тие смртни случаи се поврзани со ковид-19, што тој и неговата партија го негираат.
Расте бројот на новозаразени и починати од ковид-19 во Бугарија
Реагирајќи на повиците од Преродба Сербезова да поднесе оставка, премиерот Кирил Петков рече дека таа „реагирала адекватно“, додавајќи дека „такви случаи мора да се избегнуваат“.
На истата седница на парламентот Георги Михаилов од Бугарската социјалистичка партија рече дека таквата политичка „слава“ нема да направи ништо за подобрување на здравствениот систем на Бугарија, опоменувајќи го Костадинов дека сака да ја претвори „човечката трагедија“ во политичко прашање.