Славење во Минеаполис откако Шовин беше прогласен за виновен

Луѓето со солзи во очите ја поздравија веста за Дерек Шовин.

Прегратки и солзи откако Шовин беше прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд.

Девојка носи маска со порака „Не можам да дишам“, кои беа последните зборови на Флојд откако полицаецот Шовин клечеше на неговиот врат повеќе од девет минути.

Реакција на луѓето на пресудата за Шовин.

Славење на улиците на Минеаполис

Бруталното убиство на Флојд за време на рутинско апсење на улиците на Минеаполис беше повод за протести ширум Америка и ширум светот против полициската бруталност и расна нееднаквост во САД.

Израз на лицето на Американка по веста за Шовин.

Телевизиите ги пренесуваа настаните во судницата во живо.

Дванаесет поротници ги разгледаа сведочењата на 45 сведоци, вклучително и минувачи, полицајци и експерти, заедно со повеќечасовни видео докази.

На фотографијата: Поранешниот полицаец Дерек Шовин во моментот кога поротата го прогласи за виновен за убиство.

Поротниците ја донесоа одлуката по околу десет часа разговори во текот на два дена.

На фотографијата: Полицијата го изнесува Шовин од судницата откако беше прогласен за виновен по сите точки на обвинението.