Светската здравствена организација СЗО предупредува дека во пандемијата со коронавирусот на светот му недостасуваат 6.000.000 медицински сестри. Обединетите нации заедно со здруженијата „Нега сега“ и „Меѓународен совет на медицински сестри“ (ИЦН) ја истакна клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат половина од медицинскиот персонал во светот.
„Медицинските сестри се ‘рбет на секој здравствен систем. Медицинските сестри и сега се во првите борбени редови против ковид-19“, изјави претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Најмногу медицински сестри недостасуваат во сиромашните земји во Африка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и некои делови од Јужна Америка.