За во трговски центар треба сертификат, за на попис не треба

Илустрација

Граѓаните реагираат на тоа што вакцинацијата не е услов за попишувачи. Се закануваат дека во ек на пандемијата дома нема да примат невакцинирани луѓе. Ако мене ми бараат сертификат за во трговски центар, тогаш јас можам да им барам за дома, коментираат на социјалните мрежи.

За да влезам во кафеана или во трговски центар треба да покажам вакцинален сертификат, тогаш сигурно имам право да му побарам потврда на вакцинација на некого што треба да го пуштам дома, коментираат граѓаните на социјалните мрежи по веста дека попишувачите не мора да бидат вакцинирани.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека голем дел од пријавените попишувачи се вакцинирани, но оти тоа не услов. Вакцината не е задолжителна, па ние не може да им бараме на попишувачите да се вакцинираат, вели тој. Симовски сепак уверува дека попишувачите строго ќе ги почитуваат протоколите за заштита – ќе носат маски, средства за дезинфекција, а секаде каде што условите го дозволуваат тоа попишувањето ќе се одржува на отворено.

Со критики излезе и поранешната директорка на Државниот завод за статистика.

За да почитуваат мерките, нема да може со попишувачите да се „испие по една“.

Оваа одлука им даде ветар во грб на оние кои заговараат бојкот на пописот.

Пописот треба да почне на 5 септември и ќе трае до крајот на месецот.

Од друга страна, други се закануваат дека нема да примат вакцинирани попишувачи.

Летоска бројот на случаи се намали до едноцифрен број дневно, па речиси и да се не почитуваа никакви мерки против коронавирусот. Сега, кога секојдневно има по над 1000 нови случаи изгледа дека ќе мора да се пази.

Власта уверува дека пописот ќе биде спроведен во најдобар ред. За да го реши проблемот со недостиг на попишувачи, владата донесе одлука да ги задолжи институциите, по можност, да ги стават времено вработените на располагање на Државниот завод за статистика за потребите на пописот.