Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации.
Оттаму велат дека нема конкретни податоци за точниот број на млади кои ја напуштиле државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да се направи попис на населението.
Видете и ова: Младите НЕ го чекаат датумот за почеток на ЕУ преговори!?
„Главната причина поради која се отселуваат младите, односно 74 проценти бараат подобра работа во странство. Како втора причина се јавува моментот дека тие се фрустрирани од политичката ситуација односно 36 од испитаниците го споделиле тоа мислење. Од друга страна, најчесто младите се враќаат во државата поради носталгија, како и поради започнување сопствен бизнис, што треба да се земе предвид од страна на институците за да преземат мерки и да ги привлечат младите да инвестираат во сопствената земја“, вели Иван Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.
Тој посочува дека во просек на еден млад човек му се потребни околу две и пол години за да најде работа по завршување на образованието.
Граѓанските организации сметаат дека треба да се почитуваат и веќе постоечките стратегии и документи бидејќи постои Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовни стручни кадри за периодот 2013-2020 година, но за неа има изработено само еден акциски план за 2014 година.
Видете и ова: Живот на село - желба има, услови нема
„Според нас тоа не е соодветно и во наредниот период ќе работиме на анализа на оваа стратегија и ќе дадеме предлог да изработиме акциски план“, вели Јованов.
Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата.