Се повторува ли сценариото со анексијата на Крим?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Детонации од гранати одекнуваат во регионот на Доњецк, а тензиите на линијата на фронот се зголемуваат откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна како независни украинските региони Доњецк и Луганск. Украинските војници, распоредени на одбранбените линии, сметаат дека Русите се подготуваат за повторување на настаните кога Русија го анектираше Крим.