Се бара отворање на хотелите и организирање свадби

Охрид

Туристичките работници денска на состанок со министерот за економија Кешник бектеши побарале протоколи за работа на хотелите, отворање на камповите, плажите, рестораните за свадби и игротеките.

Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор потенцираа дека во моментов е неопходно да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за нивно носење.

Бектеши им порача дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги има донесено за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата.