Раст од 3,5 проценти на бруто домашниот производ следната година и бавно закрепнување оваа година. Јавен долг не поголем од 65 проценти. Вакви се проекциите на Светската Банка за македонската економија. Економските експерти велат дека заздравувањето од економските последици ќе биде бавно, но очекувањата се дека тоа ќе се случи во првата половина следната 2022 година.
„Проектираме дека јавниот долг оваа година и понатаму ќе биде под 65 проценти од БДП, се разбира со оглед на циклусот мерки кои беа преземени а дел се уште не се целосно реализрани, мислам на петиот и шестиот пакет мерки. Растот на јавниот долг ќе продолжи, но побавно во однос на претходно, бидејќи економијата е на пат на закрепнување, така што очекуваме позитивна стапка на економски раст што пак ќе придонесе за ограничување на растот на јавниот долг. Оваа година нема да се вратиме на нивоата пред пандемијата, но веќе на почетокот на следната година очекуваме закрепнување на домашната економија“, рече Сања Маџаревиќ Шуистер од Светска Банка.
Видете и ова: Сточарите бараат субвенции за 2020-та, најавуваат протест пред ВладатаТаа оценува дека одговорот на Владата за време на пандемијата бил навремен и спречил поголемо опаѓање на невработеноста, иако тоа не било на ниво како кај други земји од регионот. Таа истакна дека стапката на ниво на невработеност опаднала, но не поради поголем број работни места, туку како што рече, поради зголемената стапка на активност на пазарот на трудот.
„Владата треба да продолжи да ги насочува јавните ресурси на краток рок, продолжување на поддршка на домаќинствата и фирмите треба да опстои и тоа на насочен начин, потребно е постепено излегување на секторите од закрепнувањето и фокусот треба да е на најпогодените сектори, угостителство, туризам, услужните дејности и др. Значи треба да се најде баланс помеѓу поддршката и внимателно следење на закрепнувањето на одредени дејности и истовремено управување со краткорочните влијанија на пандемијата врз нив“, изјави Шуистер.
Видете и ова: Пандемијата донесе поскапа хранаСветската Банка посочува дека постојат домашни и надворешни ризици од заздравувањата на економијата. Тоа велат ќе зависи најмногу од здравствените мерки, односно од динамиката на вакцинирањето на населението кое е тесно поврзано со економските последици, а посочуваат дека оддолжувањето на закрепнувањето на економијата би предизвикало стечај на многу фирми. Растот во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија – шесте земји од Западен Балкан – се очекува да се врати во 2021 година по најлошиот економски пад во регионот што се случи во 2020 година, се вели во редовниот економски извештај.
По економската катастрофа што ја донесе пандемијата на КОВИД-19, што резултираше со проценет просечен негативен раст на економиите во регионот од 3,4 проценти, во 2021 година, регионот на Западен Балкан се очекува да забележи раст од 4,4 проценти. Растот се очекува да биде поумерен во 2022 и 2023 година со 3,7 проценти како резултат на долгорочните штети од пандемијата кои и понатаму предизвикуваат намалени инвестиции и вработување во регионот, оценува Светската Банка во извештајот.
Она што е клучна препорака на експертите на Светска банка е владите да продолжат со навремени и добро насочени мерки за помош на одредени сектори, со соодветно користење на буџетските средства.
Видете и ова: Mерките ќе имаат позитивни ефекти, но економијата бавно ќе заздравува„Какви ќе бидат последиците од пандемијата многу ќе зависи од темпото на вакцинација, од здравствените политики. Во следните месеци владите на сите држави ќе треба да усвојат нови мерки за поддршка, но важно е да направат навремени и добро насочени мерки кои ќе бидат временски ограничени“, изјави Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и додава:
„Поради историски највисокото ниво на јавниот долг, обновувањето на фискалната одржливост има висок приоритет штом закрепнувањето ќе почне да дава резултати. Приоритет треба да им се даде на инвестициите во образованието, дигитализацијата како и други инфраструктурни проекти, вклучително и еколошко-одржливите иницијативи бидејќи со нив може да се забрза потребниот премин кон пониска зависност од јаглен и други фосилни горива штом земјите ќе почнат да излегуваат од пандемијата“.
Во врска со зголемувањето на цените во периодот, од Светска банка велат дека тоа е очекувано поради тешкотиите во синџирите на испорака и снабдување и додаваат дека тоа ќе се смени кога ќе почнат да попуштаат епидемиолошките мерки за да се засили конкуренцијата а со тоа да се намалат и цените. Тие посочуваат дека Северна Македонија има солидни ресурси во земјоделскиот сектор и конкуренцијата во овој сектор може да доведе до намалување на висината на цените, а добрата монетарна политика и мерките на банката да придонесуваат за стабилност на девизниот курс во земјава.
Видете и ова: Илјадници работници може да останат без работаВо извештајот, се наведува и дека пандемијата го запре деценискиот напредок во подобрувањето на приходите и намалувањето на сиромаштијата во земјите од регионот, а пазарите на труд надоместиле само половина од работните места загубени во пандемијата, оставајќи голем број луѓе без работа и присилувајќи многу други да излезат од пазарот на трудот, како неактивно население. Иако стапката на невработеност се намалила од 13,5 проценти во 2019 година на 12,6 проценти во 2020, тоа главно било резултат на зголемената неактивност, а до крајот на 2020 година во Западен Балкан се загубиле скоро 70.000 работни места. Овие загуби непропорционално го погодиле ранливото население во регионот, вклучувајќи ги жените и младите. Со 2020 година, невработеноста на младите пораснала на 33,6 проценти прекинувајќи го петгодишниот тренд на намалување.