Пациент во босанскиот град Бања Лука скокна од петтиот кат на болничка зграда, што е шесто самоубиство во овој објектот годинава. Со оглед на тоа што повеќето пациенти скокнале од одделот на болницата за ковид-19, повеќекратните самоубиства го истакнаа вниманието на можните кризи во ментално здравје со кои се соочуваат пациентите со коронавирус во Босна, каде што бројот на загинати од пандемијата постојано расте.
Рената Тамбуриќ, раководителка на одделот за ковид-19 во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука изјави дека последниот пациент кој си го одзел животот бил сериозно болен од рак во доцна фаза и исто така страдал од пневмонија поради коронавирусот.
БиХ е втора во светот по смртни случаи од коронавирусот на милион жители
Таа прецизира дека здравствената состојба на пациентот се влошила ноќта меѓу 3 и 4 октомври „и дека непријатниот настан се случил од просторијата што ја користел персоналот, во која прозорците не биле заштитени“.
Видете и ова: Балканска држава која не знае колку нејзини граѓани се вакцинираниОва беше второ самоубиство во болницата за две недели и шесто оваа година. Во пет од инцидентите, луѓето скокнале од прозорците на болниците каде што е одделот за коронавирус; во шестиот случај, пациентот бил пронајден обесен во тоалетот. Болницата не ги објави нивните имиња.
Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс со седиште во САД, Босна и Херцеговина има највисока стапка на смртност од коронавирус во Европа, со 4,5 проценти, додека само 15 проценти од населението во земјата е целосно вакцинирано. Босна, како и многу други земји низ светот, се бори со појавата на одбивање на вакцините против коронавирус.
61 годишниот Небојша, кој побара да не му се објавува презимето поради загриженост за приватноста, бил на третман во одделот за ковид-19 на петтиот кат од болницата. „Бев шокиран, бидејќи прозорците беа полузатворени. Некои од пациентите таму не се ментално добро. Можев да видам дека таа не е во најдобра психичка состојба и не можеше да најде пат до нејзината соба“, рече Небојша, додавајќи:
„Ги оставија мртвите во салата. Ги видов вреќите што ги оставија таму. За осум дена починаа седум лица. На осмиот ден починаа уште осум, што значи дека починаа вкупно 15 луѓе“.
Граѓани на БиХ даваат и до 2500 евра за лекови за спас од корона
Миодраг Фемиќ, претседател на Сојузот на лекари на Република Српска, вели дека смртните случаи се алармантни и оти е „време да се испита зошто се случува ова“.
По третото самоубиство, што се случи во мај, управата на болницата објави дека ќе го „прилагодат механизмот за отворање на прозорците“, а исто така ќе бидат инсталирани камери за да се спречат луѓето да скокаат.
Видете и ова: БиХ ќе мора да фрла ковид вакцини, им истекува рокотНо, таквите технички мерки нема да го решат проблемот, предупредува Слободан Станиќ, поранешен министер за здравство во Република Српска. „Неопходно е да се води посебна грижа за психолошкиот профил на луѓето при примање пациенти. Треба да се направи проценка на пациенти кои изгледаат ранливи и може да извршат од самоубиство“, рече тој.
Лекарите и здравствените експерти ширум светот предупредија за менталното и психолошкото оптоварување на пациентите со коронавирус примени на одделенија за интензивна нега.
Покрај физичката траума, пациентите се соочуваат директно со реалноста на смртта, особено во болниците преполни со пациенти. Голема анализа во британскиот научен неделник „Нејчр“ откри дека пациентите со ковид-19 повеќе страдале од анксиозност и депресија, отколку другите набљудувани групи.
Болницата во Бања Лука не одговори на истрагата на РСЕ за тоа колку од оние што се самоубиле примале кислородна терапија. Болничките службеници, исто така, не одговорија на прашањето какви мерки, доколку ги има, се преземаат за да спречат понатамошни самоубиства.
Вакцините против ковид-19 дополнително ја делат Босна и Херцеговина
На прес-конференција на 4 октомври, претставниците на Универзитетската болница во Бања Лука рекоа дека „самоубиствата се нешто со кое се соочуваат болниците ширум светот“.
Владо Џајиќ, директор на болницата, рече дека болницата „професионално“ пристапила кон ситуацијата и дека сега прозорците не можат целосно да се отворат.
„Ако имаме 1.500 пациенти во клиничкиот центар, не можеме да поставиме здравствен работник до секој пациент. Секој ден има психолози, лекари и медицински сестри кои ги набљудуваат нашите пациенти“, рече тој, додавајќи: „Дури и ако тој прозорец не беше отворен некаде ... пациентот може да најде друг начин да изврши самоубиство“.