Блаж Зидар има мисија: да патролира покрај бодликавата ограда на границата меѓу Словенија и Хрватска, да фаќа мигранти кои се обидуваат да ја прекачат и да и ги предава во полиција.
Поранешниот професионален словенечки војник, облечен во камуфлажни панталони со долг нож што виси од неговиот појас е еден од будниците што себе си се нарекуваат „Домашни чувари“ - антимигрантско движење, кое до неодамна беше незамисливо во традиционално либералната алпска држава.
Самото име на оваа група предизвикува сеќавања на милицијата што застана на страната на фашистите за време на Втората светска војна.
Видете и ова: Се подготвува план за евентуaлeн нов голем мигрантски бран
„Повеќе би сакал да уживам во мирното пензионирање, но безбедносните причини го спречуваат тоа“, вели Зидар на уште една од неговите дневни патроли заедно со сопругата, во близина на нивното родно село Радовица.
Тој се жали дека морал да дејствува затоа што словенечката полиција не ја работи својата работа.
Слични десничарски стражарски групи кои често ги напаѓаат мигрантите отворено оперираат во Унгарија и Бугарија.
Полицијата во Хрватска - земја членка на ЕУ, која сè уште не е дел од Шенген зоната - рутински се соочува со обвиненија за притисок и насилство врз мигранти кои се обидуваат да влезат од Босна.
Аналитичарот Миха Ковач вели дека на краток рок, десничарските групи не претставуваат реална опасност за малата земја. Но, ако мигрантската криза продолжи, ваквото движење може да стане поагресивно.
„Главните причини за сите овие движења во Италија и Унгарија и во Грција е неможноста на Европската унија да се справи со мигрантската криза“, вели Ковач.
Видете и ова: Шпанска десничарска партија бара ѕид против мигрантите
Словенечките власти се чини дека не им пречат на самоименуваните чувари кои патролираат, сè додека не прават ништо спротивно на законот.
„Самоорганизацијата на поединците во никој случај не подразбира недоверба на полициската работа“, вели Франс Божичник, шеф на криминалната полиција во полициската станица близу границата, додавајќи: „Тоа е токму спротивното“.
И покрај тоа, сликите на маскирани мажи во воени униформи кои се појавија пред околу една година, шокираа многумина во Словенија, родното место на американската прва дама Меланија Трамп.
Најголемата волонтерска група наречена Штајерска Гарда е снимена како дава заклетва за обезбедување на јавниот ред во земјата.
Командантот на групата, Андреј Сиско вели дека неговата цел е „да ги обучи луѓето да ја бранат својата земја и да им помагаат на војската и полицијата во време на масовни миграции од африканските и азиските држави, претежно муслимани“.
Сиско - кој мина девет месеци во притвор за своите активности - инсистираше на тоа дека неговите чувари не носат вистинско оружје или не прават ништо незаконски.
„Луѓето главно нè поддржуваат, тие не запираат и ни честитаат на улиците“.
Сведоци велат дека хрватските полицајци на границата со Босна, палат облека, вреќи за спиење, ранци и шатори на мигрантите.
Хрватските власти во неколку наврати ги негираа сличните тврдења, но растат доказите за злоупотреби кога мигрантите се обидуваат пеш да преминат од Босна.
„Полицајците прво почнаа да пука во воздух, а потоа ни наредија да легнеме“, вели Шабир Ахмед Мијан од Пакистан, додавајќи дека по извршените претреси тие ја турнале групата од 15 лица во кои биле и жени, деца и постари во едно комбе за да ја врати назад во Босна.
„Не можевме да дишеме, немаше кислород“, изјави Шабир.