По објавата на Самоопределување, најголемата опозициска партија во Косово, дека ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на косовската Влада, премиерот Адулах Хоти изјави дека Самоопределување нема доволно гласови за да успее да го собори владиниот кабинет.
Тој во емисија на ТВ Т7 рече дека „Владата никогаш не била соборена од опозицијата, туку се распаѓа одвнатре“.
„Опозицијата нема гласови. Треба да одговориме на многу прашања во рамките на коалицијата. Ние работиме на внатрешни договори. Нашиот фокус е борбата против пандемијата и економското закрепнување“, вели Хоти.