Самит на „Отворен Балкан“ во Белград
Отворен Балкан е заеднички проект на Србија, Албанија и Северна Македонија, со идеја за слободен проток на луѓе и стоки меѓу земјите членки. Засега, другите земји од регионот, не му се приклучија на овој проект.
На овој самит, присуствуваа и претседателот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, како и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу. На фотографијата се и премиерите на Србија Ана Барнабиќ, на Албанија Еди Рама и на Северна Македонија Димитар Ковачевски, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, како и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, учесници на самитот во Белград.
Срдечен поздрав на албанскиот премиер Еди Рама со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазович дискутира со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека на самитот биле поканети и министрите за надворешни работи на Грција и на Италија, но оти не биле во можност да присуствуваат.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази надеж дека и други земји од регионот ќе му се приклуча на овој проект.
Премиерот на Албанија Еди Рама во разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ
Црногорскиот премиер Абазовиќ со позитивни оценки за Отворен Балкан.
Мирот и стабилноста во регионот зависат и од успешноста на Отворен Балкан, оцени Александар Вучиќ, претседател на Србија.
На самитот беше присутен и американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
Зоран Тегелтија, од БиХ и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.
Снабдувањето со храна и енергенси, една од главните теми на самитот во Белград.