Саем на смртта во Русија

Изложба на ковчези на саемот во Москва

Актери симулираат церемонија на жалост во московскиот NECROPOLIS-TANEXPO, саем за погребна индустрија 

Манекенка покажува ковчег за време на изложбата.

На веб-страницата на изложбата NECROPOLIS се вели: „Денес сме на работ на ново разбирање на филозофијата на смртта“. Притоа се додава дека од првиот ваков саем во 1993 година, организаторите имаат за цел „да ги променат ставовите во општеството, да покажат дека смртта треба да биде убава како раѓањето на детето“.

Манекенка со маска за лице за време на модната ревија.

Жаворонко потврди дека необична, специфична облека за погреб, како што е оваа, ја носат некои ожалостени.

Модна ревија на „фустани за погреб“.

Оксана Жаворонко, проект-менаџер за руската изложба NECROPOLIS, за РСЕ изјави дека пандемијата на коронавирусот резултирала со пораст на интересот за индустријата за погреби. „Повеќе луѓе почнаа да ја ценат нашата професија“, вели таа.

Учесниците на настанот, кој се одржува во московскиот Експоцентар, организираат изложба на ковчези.

Изложбата е заеднички проект на рускиот NECROPOL и италијанскиот TANEXPO. Годишните настани се најголеми од ваков вид и ги прикажуваат најновите трендови на европските и руските погреби.

Човек облечен како ковчег 

Русија - како и многу други земји - забележа нагло зголемување на стапката на смртност во 2020 година, бидејќи пандемијата на коронавирус го зеде својот мрачен данок. Се чини дека тој тренд ќе продолжи. На 27 октомври, земјата објави рекордни 1,123 смртни случаи од ковид-19.

Посетители ја прегледуваат поставата на ковчегот за време на необичниот саем.

Жаворонко вели дека околу 1.000 луѓе ја посетиле изложбата на 26 октомври. Оние кои ја посетиле биле претежно професионалци во индустријата за погреби, иако „некои уметници и други луѓе дојдоа да ја видат модната ревија на фустани“.

Двајца мажи разговараат пред штандот на погребалниот дом Ника.

Настаните на изложбата вклучуваат час за балсамирање, лекција за „ритуално цвеќарство“ и час посветен на правните сложености во управувањето со погребот.

Посетител поминува покрај изложбата на верски транспаренти на изложбата.

Поради порастот на смртните случаи од коронавирус, изложбата во Москва ќе биде затворена порано како дел од националното заклучување во Русија.