Руски тенкови во Прага - тага и љубопитност

Луѓе гледаат оштетен руски тенк Т-90А изложен во паркот Летна во Прага на 11 јули.

Изложба на шест руски воени возила оштетени за време на инвазијата врз Украина беше отворена од Зденек Хриб, градоначалник на Прага.

Внатрешноста на ракетниот фрлач Бук изложена во паркот Летна во Прага.

Изложбата, насловена Украина -- Штитот на Европа, беше организирана од Министерството за одбрана на Украина и други владини ограноци, 

Украинец кој носи нараквица во боите на знамето на неговата земја плаче на самоодниот минофрлач Хоста. Тој одби да зборува за медиумите.



 

Антивоена парола виси од станбен блок со поглед на руските возила во Прага.

Илја Кучински, украински доброволец и член на територијалните одбранбени сили на земјата, кој ја подготвуваше изложбата за нејзиното отворање на 11 јули, за РСЕ изјави дека изложбата била наменета „да ги потсети луѓето дека војната не е толку далеку како што мислат. Чешка е една од следните. И бидете сигурни дека [Русија] нема да запре“.

Самоодниот минофрлач Хоста.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников повика заробеното руско оружје да биде изложено во другите европски метрополи, вклучително Берлин, Лисабон, Мадрид и Париз, за да се задржи војната во фокусот на вниманието на луѓето, дури и кога интересот на медиумите почнува да опаѓа.

Мерачи во тенк Т-90А.

Давид, чешки воен ентузијаст, вели дека ја искористил шансата да види модерно руско оружје во земја на НАТО, но бил погоден од човечката трагедија што веројатно ја претставувале машините.

„Поминав две години во воена академија, па не можам а да не мислам на војниците што беа во возилата. Можеби преживеале, можеби не.

Фрагменти од ракети и проектили изложени во Прага.
 

Апарат за оптичко набљудување во внатрешноста на куполата на рускиот тенк Т-90А. Лево е логото на Талес, изведувач за одбрана делумно во сопственост на француската влада. 

Момче гледа низ цевката на самоодната хаубица MSTA-S.

 

На руско возило се гледа прамен исушена трева од боиштата во Украина.

Деца гледаат во ракетен фрлач Бук. Во позадина е цевката на самоодниот минофрлач Хоста.

Плочака со сериските броеви на ракетниот фрлач Бук.

Еден човек плаче покрај самоодниот минофрлач Хоста. Подоцна полицијата разговарала со очигледно вознемиренит маж откако се качил на едно од руските возила.

Изложбата во Прага ќе трае до 24 јули.