Руските власти на 13 октомври објавија дека петмина мажи од регионот на Урал, регрутирани кон крајот на септември, биле убиени во Украина, што е веројатно првата официјална потврда за смртни случаи на бојното поле меѓу мобилизираните мажи. Еден ден подоцна, во Москва беше одржан погреб на уште еден човек кој беше повикан во мобилизацијата што ја најави Путин на 21 септември.
Ова доаѓа во време на широко распространети поплаки од регрутираните и нивните семејства за лошите услови на местата за мобилизација, вклучително и недостатокот на храна, опрема и обука.
Градоначалникот на Москва соопшти дека мобилизацијата во градот е завршена
Многумина тврдат дека биле погрешно регрутирани, вклучително и некои кои велат дека немале претходно воено искуство или имале здравствени проблеми што ги спречуваат да служат.
36 годишниот Антон Борисов беше регрутиран кон крајот на септември и испратен на првите линии во Украина неколку дена подоцна, заедно со други мобилизирани луѓе од Урал. Тој брзо ја дочека својата смрт.
„Има нешто што ми пречи: тие кажуваат и покажуваат една работа на телевизија, но всушност, тие дури и немаа обука“, изјави Владимир Борисов, чиј син Антон беше меѓу петте мобилизирани мажи од Урал кои беа убиени.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Најавата на Путин за, како што ја нарече, „делумна“ мобилизација дојде по судирот во регионот Харкив, каде што Украина поврати голем дел од територијата што беше заземена од руските сили од почетокот на големата инвазија во февруари.
Тие загуби и другите неуспеси ја зголемија можноста за руски воен пораз што може да го поткопа владеењето на Путин. Тој рече дека мобилизацијата ќе се однесува само на резервистите и мажите со борбено искуство, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу наведе дека војската ќе се обиде да повика околу 300.000 мажи.
Гневот по поразите на Русија на бојното поле - предизвик за Путин
Воените претставници ветија дека мобилизираните мажи ќе добијат најмалку две недели обука пред да бидат испратени на фронтот. Објавата на Путин предизвика протести во десетици градови, а десетици илјади мажи ја напуштија земјата - за да го избегнат мобилизирањето.
Јавна реакција
Борејќи се да ги запре последиците од овој потег, владата брзо усвои закони со кои на регрутираните им ветува високи плати, како и компензација и простување на долговите во случај на повреда или смрт.
34-годишниот Тимур Ахметшин, чиј син е во прво одделение, бил еден од петте регрутирани од Урал за кои е потврдено дека биле убиени. Неговата мајка претрпе мозочен удар, а неговиот син е со скршено срце, вели неговата сопруга Марија Ахметшина. Таа додава дека финансиската компензација носи мала утеха. „За што по ѓаволите ми требаат парите? изјави таа за 74.ru, наведувајќи: „Што? Ќе му ги дадам на син ми и ќе му кажам: „Еве, ова е во замена за животот на татко ти?“
Видете и ова: Двајца Руси бараат азил во Алјаска, САД откако избегале од мобилизацијаАлексеј Мартинов (28), службеник на градската влада во Москва, беше регрутиран на 23 септември - и беше убиен во битка помалку од три недели подоцна. „Тој немаше борбено искуство. Тој беше испратен на фронтот по неколку дена обука. Воени водачи - сега не е време за лажење“, напиша на нејзиниот канал Телеграм Наталија Лосева, заменик-главен уредник во државниот медиум РИА Новости.
На денот на погребот на Мартинов, 14 октомври, Путин рече дека „делумната“ мобилизација ќе заврши до крајот на месецот, додавајќи дека војската регрутирала 220.000 луѓе во првите три недели. „Не се планирани дополнителни мобилизациски акции. Нема потреба од нив. Мислам дека во рок од две недели ќе бидат завршени сите активности за мобилизација“, рече Путин.
Три дена подоцна, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека мобилизацијата е завршена во главниот град и посочи дека нема да има никакви последици за оние кои нема да одговорат на повикот за мобилизација.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Џонатан Хаслам, почесен професор по историја на меѓународните односи на Универзитетот Кембриџ и експерт за Русија, вели дека Путин бил „принуден да ја прекине“ мобилизацијата поради реакциите на јавноста.
„Ако повозрасните излезат на улица поради смртта на неволните регрути во Украина, на крајот, притисокот може да се зголеми и да ја поткопа власта на Путин“, рече тој.
Дара Масикот, воен аналитичар во корпорацијата РАНД, тинк-тенк со седиште во САД, за РСЕ изјави дека Путин можеби штотуку го сигнализирал крајот на првиот бран на мобилизација, но додава: „Не сум сигурна во нивните временски рамки и во она што го кажуваат“.
Итрина?
Изјавите на Путин можеби се итри, сугерира Институтот за проучување на војната (ISW): Русија ќе го започне одложениот воен циклус на 1 ноември, точно во моментот кога тој рече дека мобилизацијата ќе заврши.
Анкета: Русите „вознемирени и исплашени “ од мобилизацијата
По неоснованото тврдење на Русија за суверенитет над четири украински региони на 30 септември, новите регрути - се очекува да бидат повикани вкупно 120.000 - можат да бидат испратени на првите борбени линии според рускиот закон.
Путин „најверојатно треба да ја паузира или да ја прекине својата делумна мобилизација за да ги ослободи бирократските ресурси за регрутирање“, се вели во белешката од 14 октомври ISW со седиште во САД.
Владата на Путин постојано ја лажеше и дезинформираше јавноста за војната. Набргу откако Путин ја започна инвазијата на 24 февруари, тој рече дека нема да има општа мобилизација.
Во септември, Шојгу рече дека помалку од 6.000 руски војници биле убиени во војната, иако украинските и западните проценки за бројот на руските загинати се десетици илјади.
„Русија нема да има потреба да мобилизира 300.000 мажи доколку нејзините загуби се толку ниски колку што се тврди“, изјави економистот и критичар на Кремљ Сергеј Гуриев во интервју за Руски норма, канал на Youtube, објавено на 5 октомври.
Во минатата недела, пред најавата на Путин дека мобилизацијата наскоро ќе заврши, полициските и воените офицери во Москва, Санкт Петербург и неколку други градови беа распоредени во голем број за да ги мобилизираат младите мажи.
Помеѓу другите методи тие чекаа во влезовите на станбените згради во Санкт Петербург со надеж дека ќе ги фатат мажите на пат кон работа наутро, и пребаруваа хостели во Москва во 4 часот наутро. Многу мажи кои се обидоа да ја избегнат мобилизацијата, но не можат или не сакаат да ја напуштат земјата, избраа да се кријат во хостели, студентски домови или кај пријателите.
Гужви на руско-грузиската граница, Северна Осетија го ограничи влезот на автомобили
Руските власти ги користеа театрите и кината во Москва за да ги соберат и обработат мобилизираните во главниот град. Околу 100 мажи биле донесени во театарот „Виктјук“ во северниот дел на Москва, каде што им бил вршен притисок да потпишат договор за служење, соопшти организацијата за заштита на човековите права, цитирајќи неколку од мажите кои биле задржани.
Воените аналитичари велат дека руската мобилизација само ќе ги забави напорите на Украина за враќање на територијата, но дека Путин можеби се обложува дека западната воена и финансиска поддршка за Украина може да ослаби доколку војната се одолговлекува.
Самоубиства, престрелки
Некои од мажите повикани во мобилизацијата загинале пред да стигнат во Украина.
Во најсмртоносниот познат инцидент со војници во Русија од почетокот на инвазијата, војската соопшти дека двајца мажи од неодредена држава во Заедницата на независни држави отвориле оган на 15 октомври на полигонот во Солоти, во близина на границата во регионот на Белгород при што загинале 11 војници, а биле ранети 15 други.
Видете и ова: Најмалку 11 загинати при вооружен напад во руска воена касарнаНепотврдени извештаи велат дека бројот на загинатите е над 30, вклучувајќи ги и наводните напаѓачи. Министерството за одбрана соопшти дека жртвите биле доброволци, но објектот Солоти бил користен за обука на регрутираните, а роднините на некои од мобилизираните мажи од Урал кои беа убиени, изјавија дека официјалните лица се обиделе да тврдат дека и тие биле доброволци.
Тоа не е прв инцидент. Претходно овој месец, група мобилизирани мажи, наводно, одбиле да се борат поради слабата обука, според SOTA, независен канал за вести на Телеграм.
„Сакаме да се вратиме [дома] и барем да направиме нормален лекарски преглед, а не во медицинска единица каде што некој лекар седи [таму] и воопшто немате поим каков лекар е тој“, изјави еден од војниците. „Сакаме да добиваме нормален тренинг. Еднаш отидовме на полигоните. Никој овде не знае да пука“.
Путин рече дека мобилизираните војници добиваат 5-10 дена почетна обука и уште 5-15 дена во нивните борбени единици пред да бидат испратени на фронтот, период за кој аналитичарите велат дека е несоодветен.
Многумина дури и не добиваат толку многу денови, а аналитичарите велат дека квалитетот на обуката е исто така сомнителен, бидејќи многу од најдобрите руски инструктори биле испратени на фронтот, а некои не се вратиле.
Масикот од РАНД вели дека не е изненадувачки што руската мобилизација е „многу неорганизирана“, бидејќи земјата - па дури и нејзината војска, која во голема мера беше изоставена од одлучувањето пред инвазијата - не очекуваше да се бори во војна од големи размери. „Системот за мобилизација не беше приоритет во Русија во последните 10 години“, рече таа.