Илјадници луѓе, меѓу нив и неговите пријатели, излегоа на улиците во Минск за да протестираат против резултатите, при што се соочија со полициска акција.
На Инстаграм, Козлович, кој од своето деби како член на технички тим во 2011 година, станa презентер на Белорусија-1, главниот телевизиски канал во земјата, објави дека се повлекува.
Лукашенко- можеби малку предолго сум на власт
„Ова беше детски сон на кој му посветив 10 години. Но, вчера седев во студиото за последен пат“, напиша тој на 11 август.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
За помалку од две недели, местото на Козлович беше исполнето, како и работата на многу други државни новинари ширум Белорусија, кои се повлекоа или беа отпуштени заради поддршка на опозициското движење.
Работните места не ги исполнија колеги Белоруси, туку државни новинари од Русија, која е на страната на Лукашенко и сега очигледно ги помагаа неговите напори за зачувување на власта.
Владините канали се навикнати да ги поздравуваат политиките и говорите на Лукашенко, поранешен шеф на колективна фарма, кој владее со малата постсоветска држава од 1994 година.
Државните новински агенции со години издаваат соопштенија за печатот со искажување слични чувства.
Владата на Лукашенко првично ги негираше извештаите дека руски новинари пристигнале, но атмосферата на државните медиуми наскоро се промени.
Лукашенко назначи нови шефови на безбедносните служби
Со протестите на опозицијата, кои ја преплавуваат земјата скоро секој ден, ги немаше стабилните ажурирања за приносите на бербата или најновите бројки за пандемијата со коронавирус.
Почнаа да се појавуваат пропагандни видеа на кои демонстрантите се прикажуваат како агенти на Западот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Платено ѓубре кое за себе мисли дека е народ е подготвено за 20 американски долари да ја продаде сопствената мајка“, се наведува на еден таков клип објавен од државната новинска агенција „БЕЛТА“, во кој се порачува:
„Сега тие сакаат да се вратат на нашите улици, да растурат сè што градевме толку години“.
Пристигнувањето на новинарите од Русија не е исто што и испраќањето на Москва на „малите зелени“ кои мистериозно се појавија на Крим пред руската анексија на украинскиот полуостров во 2014 година, а подоцна се покажа дека се маскирани руски сили.
Но, според критичарите, тие и медиумските пораки што ги носат, се јасен показател за тоа дека Москва се надева на зајакнување на позицијата на Лукашенко.
Одземени акредитации на најмалку 17 новинари во Белорусија
„Два авиона исполнети со руски новинари пристигнаа за да ги пополнат нашите места во замена за високи плати“, изјави Алиона Мартиновска, новинарка во Белорусија-3, за новинската агенција Тут.би на 19 август.
Исто така, се појавија шпекулации за тоа какви други чекори може да преземе Русија за да ја зачува владата на Лукашенко.
Во интервјуто за РСЕ, Козлович рече дека покривањето на протестите на државната телевизија е за Лукашенко „последната сламка“.
„Имав утринска смена во живо, каде требаше да разговараме за настаните што се случиле претходната ноќ“, рече тој.
„Сфатив дека оваа информација, дури и ако не е крајно фабрикувана, е сепак пристрасна што претставуваше сосема друга слика за настаните“.
Не беше само државната телевизија која се мобилизираше во обидот да го поддржи Лукашенко.
Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести
На апликацијата „Телеграм“, каналот на прес-центарот на Лукашенко лансираше серија едноставни слики за поддршка на кампањата на Лукашенко за уништување на опозицијата.
Информациската офанзива се чини дека се совпаѓа со мерките за ограничување на ширењето на фактите.
Пред изборите на 9 август, најмалку на 100 странски новинари им беа одбиени акредитаците за влез во земјата и за покривање на настани.
Неколку странски известувачи кои влегоа биле претепани и депортирани од земјата, честопати со петгодишна забрана за влез во Белорусија.
На 17 август, Комсомолскаја правда, популарен московски весник, кој има и белоруско издание, планираше на насловната страница да постави фотографија од најголемиот протест на опозицијата во историјата на земјата, кога претходната вечер се собраа околу 200.000 луѓе.
Но, печатницата објави дека машината за печатење се расипала, а изданието никогаш не излезе.
Неколку дена подоцна, според повеќе извештаи, владата започна да блокира неколку десетици веб-страници наклонети кон опозицијата.
На 21 август, Лукашенко конечно потврди дека „побарал од Русите“ да испратат „два или три тима“ на руски новинари да работат во државната компанија за медиуми, во која е и каналот Белорусија-1 на Козлович.