Рохани: САД пропуштија историска шанса да ги укинат санкциите кон Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, изјави дека САД пропуштиле историска можност да ги укинат санкциите кон Иран за време на епидемијата на коронавирусот, пренесе Ројтерс.

Рохани, на телевизискиот пренос на состанокот на Кабинетот, рече дека ова било одлична можност САД да се извинат и да ги укинат неправедните санкции наметнати за Иран.

„Санкциите не влијаеја негативно во борбата против коронавирусот во оваа земја“, додаде тој.