Рецитал во автобус за ширење позитивна енергија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Младиот поетски сламер Горазд „Кени“ Китановски промовирајќи ја својата нова рачно напишана книга „Бетер Times“, како и за да ја разбие „монотонијата во автобус“ одлучи да рецитира во автобуската линија 41 во Скопје. Видеото од цитирањето стана вирално на социјалните мрежи и доби огромна поддршка. Според него, културните настани во време на пандемија се потребни од било кога. Што има да порача тој?