Раскрвавени, но не поразени: Украинските трупи се борат во Соледар и покрај руските тврдења за победа

Украински војник пука од минофрлач кон руските позиции во близина на Соледар на 14 јануари.

Руските платеници од групата Вагнер на 10 јануари тврдеа дека ја презеле контролата над Соледар, иако тешките борби продолжуваат во и околу украинскиот град за ископ на сол.




 

Украински војник пука со митралез врз руските позиции во близина на источниот град Соледар на 14 јануари.Иако Соледар не воено многу важен, неговото преземање ќе биде најзначајната добивка на бојното поле на Москва во последните неколку месеци.

Украински војник носи минофрлач што ќе биде користен кон руските позиции во близина на Соледар на 14 јануари.

„Сè е целосно уништено. Речиси и да нема живот. Што се обидува Русија да добие таму?“, праша во минатата недела украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Крвав панцир на еден украински војник лежи на земја во близина на Соледар.

Двете страни не открија колку имаат жртви во, како што многу аналитичари ја нарекуваат една од најинтензивните борби во војната.

Сателитски поглед од 10 јануари доловува дел од пустошот што го претрпел дел од Соледар, град кој порано имал 10.000 жители.

Украински војник паузира за време на борбите во Соледар на 14 јануари.

Додека аналитичарите продолжуваат да поставуваат прашања за стратешкото значење на жестоките борби за Соледар и Бахмут, Русија продолжува да инвестира многу во обидот да ги заземе источните градови, кои имаат симболична вредност за Кремљ.
 

Украински војник во близина на пешадиско борбено возило БМП-2 кај градот Соледар на 14 јануари.


 

Украински БМП-2 кон руските сили во близина на Соледар.

Руската победа во Соледар ќе им овозможи на силите на Москва да се приближат до поголемиот град Бахмут, кој се наоѓа на околу 15 километри југозападно.

Украински војници стрелаат руските позиции на фронтот во близина на градот Бахмут на 15 јануари.

Позната и како „Месна машина Бахмут“, битката за градот, кој порано имал 70.000 жители, беснее со месеци, оставајќи зад себе апокалиптични сцени на смрт и уништување.

Украински војници истрелуваат од ракетен систем со повеќекратно лансирање БМ-21 Град кон руските позиции на линијата на фронтот во близина на градот Бахмут на 15 јануари.

Во коментарите емитувани на 15 јануари, рускиот претседател Владимир Путин ја потврди победата во Соледар, велејќи: „Постои позитивна динамика [во борбите]. Сè се развива според планот“.

Киев го негираше тврдењето велејќи дека продолжуваат тешките борби.