Рамазан среде пандемија
Со истрел од топ на зајдисонце на 23 април во Сараево беше означен почетокот на светиот муслимански месец Рамазан во Босна и Херцеговина.
Еден човек го чита Куранот, додека имами присуствуваат на рамазанската молитва во џамија без верници во Зеница, централна Босна, на 23 април.
Имам и верник се молат сами во џамија во Подгорица, Црна Гора, на 23 април. Првата ноќ на светиот месец Рамазан дојде среде државно затворање наметнато од владата за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Луѓе со заштитни маски шетаат пред Мурат Пашината џамија во Скопје на 23 април. Исламската верска заедница на Северна Македонија донесе одлука да ги затвори сите џамии за време на Рамазан за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Главната џамија во Мадрид беше празна во пресрет на Рамазан на 23 април поради коронавирусот.
Волонтери дезинфицираат џамија пред муслиманскиот пост месец Рамазан во Пешавар, Пакистан, на 24 април.
Мулана Абдул Кабеер Азад, член на пакистанската комисија за Рамазан, гледа на телескоп за да го сигнализира почетокот на месецот на муслиманскиот пост во Карачи на 23 април.
Налепници поставени на подот на џамијата во Карачи, Пакистан, кои означуваат места за физичко растојание пред светиот месец Рамазан на 23 април.
Авганистански уличен продавач на урми покрај патот на пазарот во Кабул на 23 април.
Подготвување колачиња во мала традиционална фабрика во главниот град на Авганистан, Кабул, пред Рамазан.
Палестинец со огномет го слави почетокот на Рамазан на Западниот Брег, на 23 април.
Слики на здравствените работници беа проектирани на покривот на џамијата Омар Ибн Ал-Хатаб во бразилскиот град Фос до Игуаку на 23 април. Тоа беше во знак на почит на оние што се наоѓаат на првите редови на пандемијата.
Празен терминал во Бали, Индонезија, на 24 април. Индонезија ги суспендира патничките летови и железничките услуги, ограничувајќи ги луѓето во најнаселената муслиманска нација во светот да патуваат кај нивните роднини за време на исламскиот свет месец Рамазан заради коронавирусот.