Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше извозот на жито од Украина, договорен од Обединетите Нации, оценувајќи дека житото нема да стигне до сиромашните земји и оти моменталната криза со храна може да стане хуманитарна катастрофа.
Со ваквите коментари расте загриженоста за судбината на договорот на Обединетите Нации и Турција за транспорт на милиони тони жито од украинските блокирани пристаништа.
Видете и ова: Украина извезе милион тони земјоделски производи по морски патЗборувајќи на Источно европскиот форум во Владивосток, Путин денеска сугерираше дека Москва ќе размисли за измена на рутите за транспортот на житото од Украина.
Украинскиот министер за земјоделство Микола Солскиј, по говорот на Путин, изјави дека од нивна страна нема никаков проблем.
Путин обвини дека речиси целото жито завршува во земјите членки на Европската Унија, а не во сиромашните земји, без притоа да наведе докази за ваквото тврдење.