Кога водителката Олга Скабеева оваа недела влезе во студиото на популарното руско ток-шоу „60 минути“, таа ја започна програмата на начин на кој тоа и обично го прави: удирајќи врз украинската влада и нејзините поддржувачи на Запад.
Оваа епизода беше емитувана само неколку дена откако Русија објави список со барања за безбедносни гаранции до САД и НАТО, вклучително и обврзувачко ветување дека Украина и другите поранешни советски републики ќе ги задржат надвор од западната воена алијанса.
САД и Русија на безбедносни разговори во јануари
„Русија ги стави Соединетите Држави во шах мат. Или ќе се повлечат доброволно или ќе ги натераме да го направат тоа со сила“, вели Скабеева, гледајќи строго во камерата додека во студиото одекнува тензична музика.
Сегментот, кој се емитуваше на 20 декември, ја означи ескалацијата на веќе хиперболичниот тон усвоен од водители и коментатори на руските ток-шоуа.
Видете и ова: Колку долго Украина може да издржи евентуална руска инвазија?Во последниве денови и недели, додека Кремљ предупредува на „воен одговор“ во Украина доколку Западот не се согласи со неговите барања, наративот на телевизијата достигна висока температура.
Покрај крај на проширувањето на НАТО на исток, барањата што ги постави Москва вклучуваат и ветувања дека Соединетите Држави и другите западни земји ќе ги напуштат воените активности во Источна Европа, Кавказ и Централна Азија и нема да основаат нови воени бази на некоја поранешна советска територија.
Пред руско-американските преговори што се очекува да започнат во јануари, американските власти рекоа дека некои од предлозите се неприфатливи и дека Русија го знае тоа.
Некои аналитичари и во Русија и на Запад се сомневаат дека Москва ги воведе како изговор, за да може да ги обвини Вашингтон и НАТО дека се неконструктивни, а потоа и да ги обвини за евентуалната нова офанзива против Украина.
Шефот на НАТО Столтенберг ја повтори поддршката за Украина
Во меѓувреме, властите во Москва повикаа на брза реакција. И во воинствените забелешки на состанокот со шефовите на руските воени лидери на 21 декември, претседателот Владимир Путин ја повтори подготвеноста на Москва да употреби сила.
„Немаме каде понатаму да се повлечеме. Дали навистина мислат дека ќе седиме со скрстени раце додека ни се закануваат?“, рече Путин. Тој повтори низа поплаки против Соединетите Држави и нивните сојузници што ги искажа многу пати во текот на неговите 22 години како претседател или премиер.
Видете и ова: Што се крие зад стравот од можна руско-украинска војна?Тоа е рефрен кој во голема мера се прикажува на државната телевизија откако Русија ги зголеми влоговите во нејзиниот ќор-сокак со Западот околу Украина, чија влада се бори со сепаратистите поддржани од Русија во источниот регион познат како Донбас од 2014 година.
„Да бидеме искрени. Дојдовме до точка на прекршување“, рече водителот Дмитриј Кисељов, кој се смета за еден од главните пропагандисти на Кремљ, во популарната емисија во неделата „Вести Недели“, или Вести на неделата, очигледно мислејќи на она на што Киев и НАТО велат дека се неосновани тврдења за воени дејствија кои ѝ се закануваат на Русија.
„Ако ни ставите пиштол на глава, ќе ви го направиме истото. Имаме способност за тоа“, додаде тој. Кога претходно овој месец Путин неосновано го опиша тековниот вооружен конфликт во Украина како сличен на „геноцид“ извршен од Киев, американската амбасада во Киев објави на Твитер дека вакви „лажни обвинувања за геноцид се опасни и неодговорни“.
Но, ТВ програмите не губеа време за да го истакнат тврдењето на Путин.
„Она што се случува во Украина е геноцид извршен од истите оперативци на ЦИА кои прво го уништија Советскиот сојуз, а потоа се вклучија во незаконска приватизација под претседателот Борис Елцин и се обидоа да ја разбијат Русија“, рече Скабеева на 13 декември.
Некои аналитичари велат дека дури и ако Русија не ја нападне Украина, ова постојано воинствено поттикнување на државната телевизија, како и непристојното покривање на жестоките критики на Путин за НАТО, сами по себе ќе послужат за зголемување на рејтингот на рускиот моќник дома.
Иако тој ефект беше значителен откако Русија го зазеде Кримскиот Полуостров од Украина и им помогна на сепаратистичките сили да преземат делови од Донбас во 2014 година, широкото незадоволство на Русите од проблематичната економија денес може да спречи широка поддршка за какви било воени авантури во странство.
Русија и Кина во обединет фронт за време на зголемени тензии со Западот
„Иако ТВ и онлајн-пропагандните машини на Кремљ се застрашувачки, тие не можат да го променат начинот на кој луѓето размислуваат и чувствуваат за работите што им се најважни“, напишаа експертите Сем Грин и Грем Робертсон во Вашингтон пост, додавајќи:
„Ако Путин ја нападне Украина, тој ќе го направи тоа без широка јавна поддршка дома, и на начин што речиси сигурно ќе ја ослабне таа поддршка уште повеќе“.
Но, постојат и сугестии дека јавното мислење може сè уште да стои зад реториката на Путин, барем на краток рок. Неодамнешното истражување на независниот Левада Центар покажа дека половина од Русите ги обвинуваат Соединетите Држави и НАТО за влошување на тензиите околу Украина, 16 насто ја обвинуваат самата Украина, а само 4 насто сметаат дека Русија е виновна.
Дали тоа се претвора во колективна подготвеност да го поддржи раководството на Русија во случај да започне нова офанзива против Украина е друго прашање.
Андреј Колесников, од Карнеги центарот во Москва тврди дека на крајот, покривањето на телевизиските канали контролирани од владата може малку да направи за да ја отфрли длабоко вкоренетата аверзија на Русите кон војната.
„Државната пропаганда прекумерно ги искористи своите овластувања за мобилизација. Но, наместо мобилизација, тоа создаде страв од светска војна“, напиша Колесников во колумна за Москва Тајмс.