Протестите за забраните поради ковид-19 се шират низ целиот свет
Руската полиција се соочи со народот што протестира против наредбите за изолација во Владикавказ, Северна Осетија, на 20 април.
Рефлектори во Киев од митингот на украински уметници и работници во индустријата за забава на 12 мај. Тие побараа финансиска поддршка од владата и олеснување на мерките во борбата против ширењето на коронавирусот.
Жителите на главниот град на Пакистан, Исламабад, кои носат маски, држат плакати додека протестираат против карантинскиот центар што беше основан во нивното соседство на 19 април.
Полицајци во грузискиот главен град Тбилиси приведуваат приврзаници на опозицијата на 23 април кои протестираа против продолжувањето на вонредната состојба во земјата.
Демонстранти во Тел Авив учествуваат на протестот „Црно знаме“ против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и мерките за спречување на на коронавирусот.
Пакистански полицајци апсат лекари и болничари за време на митингот во Куета на 6 април. Повеќе од 50 медицински работници побараа подобра заштитна опрема за лекување на пациенти со ковид-19.
Протест во Киев против забраната на летни тераси во ресторани во Украина.
Украински демонстрант во Киев со заштитна маска за лице со слоганот „Спас за малиот бизнис“.
Пред градското собрание во Дортмунд, Германија, за време на протестот на сопствениците на ресторани.
Постар маж кој носи маска за лице е уапсен од австриската полиција во Виена за време на демонстрациите против антикоронавирусните мерки преземени од владата.
Жители на Белград прават врева додека стојат на покривот на зградата на протестот на 1 мај против мерките на српската влада за коронавирусот.
Членови на едно семејството во Карачи држат знаци со кои се бара евакуација на пакистанските студенти од Кина кои не можеа да се вратат по избувнувањето на коронавирусот.
Италијанските дуќанџии се собраа на протест на мостот Риалто на 4 мај во Венеција.
Членови на оркестарот Австралиската операв о Сиднеј настапуваат надвор за да ја повикаат компанијата да ја преиспита својата одлука за платите на музичарите по појавата на коронавирус.
Медицински сестри во медицинскиот центар Њујорк маршираат за време на митингот во знак на протест против недостаток на лична заштитна опрема на 17 април.
Демонстранти во Прага држат плакати на 29 април на кои пишува: „Дали имате план? Може ли да го знам тоа?“ и "Кога ќе започнете паметно тестирање?"
Лекари и медицински сестри се собираат пред болница во Киев на 6 мај во знак на протест против намалувањето на платите како резултат на тековните медицински реформи во земјата.
Автобуси и автомобили паркирани од украинските сопственици на мали бизниси за време на протестот во Киев на 13 мај, на кој бараа да им биде дозволено да се вратат на работа.