Протест пред парламентот на Србија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Денеска се одржа конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Србија. Пред Парламентот, пак, се одржа протест на мала група луѓе против новите пратеници. Демонстрантите сметаат дека изборите што се одржаа на 21-ви јуни не беа фер и демократски. Голем дел од опозицијата не учествуваше на изборите, на кои, партијата на претседателот Вучиќ освои 188 места од вкупно 250.