Протест поради литиумот со кампување кај Претседателството на Србија
Се приклучија и жителите на долината Јадра кај Лозница во западна Србија.
Четврта недела по ред како еколошки активисти организираат протест во центарот на Белград.
На новиот протест се приклучија и жителите на долината Јадра, кај Лозница во западна Србија.
„Тука сме да му кажеме „не“ на рудникот. Сакаат нашата плодна земја да ја претворат во рудници и јаловина“, рече актерката Јелена Ступљанин во своето воведно обраќање и ги поздрави селаните кои дојдоа во кампот.
Организаторите решија, како што рекоа, да го радикализираат протестот со кампување до зградата на Претседателството.
шатори беа поставени во паркот Пионер во центарот на Белград.
Учесниците велат дека ќе кампуваат додека не се исполнат нивните услови. Тие бараат Владата да предложи закон за забрана за ископ на литиум и парламентот да го донесе пред 15 февруари.
По собирот се прошетаа по централните градски улици.
Во текот на прошетката поминаа покрај зградата на Радио телевизија на Србија.
Српската влада ја прекина изградбата на рудникот на 20 јануари, кога ја поништи документацијата за проектот. Сепак, еколошките организации бараат гаранции дека нема да може да дојде ниту една компанија наместо Рио Тинто, како и дека забраната за екстракција на бор и литиум ќе биде на територијата на целата земја.