Производителите на ориз од кочанско кои денеска излегуваат на протест тврдат дека работат на полињата со загуба и дека се грижат како ќе ја завршат оваа производствена година. Од Министерството за земјоделство бараат цената на откупот да биде барем 25 денари за килограм за да бидае исплатливо.
Моменталната цена на откупот на оризот се движи од 16 до 18 денари.
Повеќегодишниот оризопроизводител Дејан Анакиев од Чешиново Облешево вели дека моменталанта цената за откуп е многу пониска од онаа што властите ја ветувале во кампањата и дека тоа ги води земјоделците во пропаст.
"Бараме подобра цена. Претходниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, со плакат кога излегуваше во кампања, велеше откупната цена ќе биде 25 денари. Уште стојат тие плакатите тука во Чешиново Облешево. Сега откупната цена се движи меѓу 16, 17, или 18 денари зависно колку е гладен земјоделецот или колку му се искинитати панаталоните за откупувачите да му го земаат, ако може и 16 денари по килограм" вели Анакиев
Оризопроизводителите кои со земјоделската механизација го блокираат патот Штип-Кочани се незадоволни од ситуацијата во која се наоѓаат и поради доцнење на исплатата на субвенциите и бараат исплата пред почетокот на сеидбата.
"Доцнат. Јас две три години немам земено субвенции не работам земјоделство на диво, имам земјиште под концесија и плаќам за тоа на државата. Знаат да пратат документи дека ако не биде подмирена концесијата ќе биде раскинат договорот, а за субвенции нема пари" вели Анакиев кој 10 години се занимава со производство на ориз и има 20 хектари земја со насади.
Тој вели дека од година во година и парите за субвенциите за ориз се се пониски, наведувајќи дека во почетокот сумата била 12 илјади денари на годишно ниво, а дека сега изнесува 8 илјади денари.
Видете и ова: Короната ги извади на површина проблемите на земјоделцитеВо очи на денешниот протест од властите стигнаа најави дека на земјоделците ќе им се излезе во пресрет и дека нивните барања ќе бидат подржани, а причините за сотојбите ги лоцираат и во пандемијата.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Радио Слободна Европа ни кажаа дека во изминатите три месеци, Министерот Арјанит Хоџа, остварил неколку средби со оризопроизводителите и преработувачите од кочанскиот регион, дополнувајќи дека во исто време на терен имало средби со сите инволвирани во процесот на производство, откуп и пласман на оваа стратешка култура. На средбите било разговарано за актуелната состојба со откупот на ориз од овогодинешната реколта, а биле изнесени ставови за ниската откупна цена, како и за пропратните проблеми, посебно во сегашните услови на пандемија на ковид-19.
Во одговорот што го добивме од министерството се наведува дека на "барање на оризопроизводителите, Владата донела одлука за зголемување на висината на финансиската поддршка за подмерката за ориз без сертифициран семенски материјал.
"Со направената измена се зголеми поддршката за земјоделците кои немаат сертифициран семенски материјал на 25.000 денари за површини до 5 хектари, а оние земјоделци кои имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добијат финансиска поддршка од 30.000 денари по хектар. Со оваа одлука Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им излегува во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата", наведуваат од министерството.
Од таму, без да наведат причини за доцнењето на субвенциите, наведуваат дека исплатата на субвенциите се одвива во согласност со динамиката и календарот на Платежната агенција, а дека годинава, откупот на оризова арпа и бел ориз се одвива со забавено темпо.
Според податоците, заклучно со 21.02.2021, откупени се 7,763 тона оризова арпа, со просечна цена од 20.36 денари, велат од ресорното министерство.
"Се гаснат пожари", нема стратегија за земјоделството
Илија Каров, професор во пензија кој има повеќегодишно искуство како декан на Земјоделскиот факултет во Штип, вели дека државата не треба да се доведува во состојба да им помага на земјоделците откако тие ќе дојдат да молат помош за да не пропаднат. Тој оценува дека состојбите во кои се наоѓаат оризопрпозводителите, но општо и земјоделството се многу лоши и има чувство дека земјоделците се препуштени сами на себе.
"Земјоделието од кое цела држава чека да биде прехранета од домашно производство, особено во последните две години, е целосно запоствено. Во никој случај на ниедна власт не треба на памет да и паѓа кога ќе се штрајкува тогаш да се дава помош. Ако е предвидено дека на земјоделците им следуваат субвенции за одредени култури со одреден износ за тоа не треба да с е чека. Тоа се дава при крајот на годината, за да имаат зејоделците можност да си купат репороматеријали, ѓубрива, семе, препарати, за да го почнат успешно наредното производство. За тоа правило безброј пати сме дискутирале со сите влади. Тоа е како ако детето не плаче мајката не го зема. Не треба да се дозволи да се оди дотаму да се радикализираат проблемите" вели професорот Илија Каров.
Тој нагласува дека се реални и барањата и за поголеми откупни цени на оризот, додавајќи дека и другите земјоделски производи се откупуваат по бизарни цени кои ги водат земјоделците во беспарица и оти за тоа е виновна државата.
Во изминатиот период проблеми со откупните цени имаа и лозарите а потоа и тутунарите. Поради затворање на границите со пандемијата беше намалена побарувачката за извоз и на зелката, јагнето и грозјето и со тоа падна откупната цена на овие производи кај нас.
Во јануари пак пред зградата на Владата во Скопје тутунарите протестираа тврдејќи дека се земаат квалитетени тутуни по пониски класи, дека динамиката на откуп е слаба, обвинија дека досега не влегле во ниту еден пакет-мерки и побараа зголемување на субвенциите.
Тутунарите на протест: Сфативме дека откупот е игра
Професорот Каров вели дека државата треба да спречи откупните цени за земјоделските производи да се спуштаат до екплоататорско ниво од откупувачите.
"Нависистина со откупните цени земјоделците не може да ги покријат трошоците за производство. Овде и натаму има еден таков неред иако многу се залагав да се направи долгорочна стратегија во која ќе се каже дека и откупувачите и производителите зависат еден од друг, а не секој сам од фабриките потоа да си го извезува производот надвор за повисоки цени, а земјоделците дома да осиромашуваат " вели професорот Каров.
Како и да е на теритотријата на Кочани има квалитетно земјиште од каде се прозведува ориз кој се извезува во земјите од регионот и кој е препознатлив македонски производ.
Но, незадоволен од ситуацијата во која се наѓаат оризо -производителите нашиот соговорник Дејан Анакуев вели дека може да дојдеме до ситуација нивите да останат непосеани зашто луѓето не може да ги покријаат трошоците.
Тој предупредува дека без цена од најмалку 25 денари по килграм ориз нема да може да заснова ново производство на есен.
"10 години се занинавам со одгледуавње ориз. Имам многу вложено и во механизација и нови трактори, но тоа е сега безвредно и размислувам да оставам се и да растурам" вели Анакиев.
Во Кочанско околу 7 до 8 илјади луѓе се занимаваат со производство на ориз и тоа им е единствен приход за егзистенција.
Пандемијата ја потенцира важноста за домашно производство на храна
Но иако цената за откуп на ориз е ниска за оние што го произведуваат и натаму потрошувачите плаќаат за ориз вискои цени. Без оглед што оризот од производителите се откупува за околу 17 денари, потрошувачите оризот во продавница го купуваат за 70 денари килограм.