Протест на приватните превозници: Исполнување на барањата или уште поголема блокада
Приватните превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје
Организаторот вели дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
Целосно се блокирани сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“
Блокада е со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица, а според организаторите, времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата
Ако брзо не се исполнат барањата на приватните автобуски превозници, велат тие, блокадата ќе се прошири и на други сообраќајници во Скопје
Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем денеска „Слобода превоз“, кој е организатор на протестот, треба да оствари средба со УО на ЈСП
Ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, стои во соопштението од Слобода превоз
Претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.
Минатата недела овие автобуски превозници протестираа и пред седиштето на ЈСП
Нема никаква информација до кога ќе трае блокадата на поширокиот центар на Скопје
Со блокада се затворени сите приоди кон главната крстосница кај мавровска која ги врзува скопските населби Автокоманда, Чаир, Центар и Аеродром
Поради блокада од утрово поширокиот центар на Скопје е речиси парализиран
Полицијата се обидува да го регулира и олесни сообраќајот со пренасочување кон споредните булевари и улици
Приватните превозници минатата недела најавија и пријави за обвинувањата дека при нивното работење имало, како што велат, криминал
Скопјани кои ги користат приватните автобуси за градски превоз се поделени - едни го поддржуваат протестот, другите бараат да им се овозможи непречено да стасаат каде што тргнале
Сите сме заедно во ова и нема отстапување, велат превозниците