Проституција во Иран, властите затвораат очи
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во иранското конзервативно исламско општество, проституцијата е нелегална, неморална и ретко се дискутира за неа. Но, во еден истражувачки документарен филм кој го направи Радио Фарда на РСЕ, сексуалните работници во Техеран опишуваат една рутинска работа каде лесно се наоѓаат клиенти, а членовите на семејството замижуваат. Тие исто така зборуваат за огромните економски притисоци што ги натерале на оваа опасна работа.