Продолжуваат жестоките протести низ Казахстан
Зградата во која се наоѓа канцеларијата на Нур Отан, владејачката политичка партија во Казахстан, во Алмати, изгоре на 5 јануари. Не се знае кој го предизвикал пожарот. Казахстанскиот сервис на РСЕ јавува дека зградата била оставена да тлее, а во близина немало полицајци или противпожарни возила кога е направена оваа фотографија.
Демонстранти се возат во камион во Алмати на 5 јануари.
Казахстанските безбедносни сили пред зградата на владата во Алмати на 5 јануари.
Полициско возило со скршен прозорец во Алмати на 5 јануари.
Полицијата формира ѕид од штитови во Алмати на 5 јануари.
Воено возило во центарот на Алмати
Еден човек се обраќа на протестот пред канцеларијата на градоначалникот во Актау на 5 јануари.
Табла со цени на бензинска пумпа во Нур-Султан. Прашањето за цените на течен гас е критично прашање за многу Казахстанци, бидејќи повеќето автомобили на запад од централната азиска земја работат на ова гориво.
Полицаец во оштетено возило во Алмати.
Демонстранти во Алмати на 5 јануари.
Казахстански полицаец насочува оружје кон демонстрантите од барикадата во Алмати.
Протестен митинг во градот Орал во западен Казахстан на 5 јануари.
Крв на централниот плоштад на Републиката во Алмати на 5 јануари.
Демонстранти на централната авенија Раимбек во Алмати на 5 јануари.
Ред оклопни возила на Плоштадот на Републиката во Алмати на 5 јануари.
Силите за спроведување на законот ја чуваат владината зграда во раните утрински часови на 5 јануари. Во видео обраќањето до нацијата на 4 јануари, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев рече дека владата нема да падне и повика на „взаемна доверба и дијалог наместо конфликт. "
Демонстрантите нападнаа полициско комбе во Алмати додека протестите станаа насилни во текот на ноќта на 4 и 5 јануари. Беа запалени полициски возила, а беа извршени повеќе апсења.
Казахстанската полиција во Алмати ноќта меѓу 4 и 5 јануари. На 5 јануари владата на Казахстан поднесе оставка. Актуелните членови на Владата ќе ги продолжат своите должности до формирање на нова администрација.