Продажба на гаџети на советските шпиони
Кутија советски цигари со скриена камера
Кутија цигари од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) содржи скриена камера. Ова „е прв и најсеопфатен настан на аукција во светот што нуди некои од најретките и најважните артефакти од САД, Советскиот Сојуз и Куба за време на ерата на Студената војна што некогаш биле собрани и понудени на аукција“, соопшти аукциската куќа на својата веб-страница.
Уред познат како Фиалка кој се користел за комуникација со тајни кодови, се смета за советска верзија на машината Енигма што ја користела нацистичка Германија
Гас маска од времето на СССР
Скулптури на Феликс Џержински, кој ги предводеше првите две советски државни организации за безбедност - Чека и ОГПУ - од 1917 година до неговата смрт во 1926 година. Неговиот имиџ подоцна беше широко користен во КГБ. Тој беше еден од организаторите на масовните убиства познати како Црвениот терор.
Железнички знак со череп и вкрстени коски со натпис: Загадено. Знакот се користеше во 50-тите и 60-тите години на минатиот век за да им се укаже на железничките работници и патниците дека минуваат низ сектор со можна нуклеарна, хемиска или биолошка контаминација.
Скулптура на Лаврентиј Берија, началник на тајната полиција НКВД под диктаторот Јозеф Сталин. Берија беше архитект на масовни убиства и организатор на работните логори, познати како гулази.
Радио R-394KM што го користеле советските шпиони во 80-тите години на минатиот век
Биста на Владимир Ленин, основач на Советскиот Сојуз