„Прифатете го хендикепот како предизвик“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Македонскиот пливач Андреј Стојаноски може да се пофали со полни полици медали од домашни и странски натпревари. Но и со тоа дека успеал во хендикепот да види предизвик, па тоа што е глувонем не му претставува никаква пречка во постигнување на резултати и успеси. Сака да ги мотивира останатите млади со хендикеп да не се откажуваат, а институциите да најдат повеќе време за грижа за лицата со хендикеп.