Вицепремиерката Мила Царовска го претстави првиот сет мерки за помош на стопанството за време на епидемијата на КОВИД-19, потенцирајќи дека македонската економија нема да остане имуна на последиците од коронавирусот.
„Ќе ги балансираме ликвидноста на компаниите и ликвидноста на државата. Правата мерка е директна финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија. На располагање се 5,7 милиони евра за компании кои имаат проблеми со ликвидност преку кредити на Македонската развојна банка. Станува збор за бескаматни кредити од 3 до 30 илјади евра, со грејс период од 6 месеци и рок на отплата 24 месеци“, рече Царовска на прес-конференција во Владата.
Втората мерка е поддршка на компаниите за исплата на плати. Според Царпвска, Владата планира да го направи тоа со обезбедување субвенции на придонеси на компаниите погодени од владините мерки за спречување на ширење на коронавирусот, пред сѐ од туризам, транспорт и угостителство. Ќе се субвенционира 50% од придонесите за вработените во висина на просечна плата, под услов компанијата да не го намали бројот на вработени, да не исплати дивиденда и да не дели награди и бонуси во 2020 година.
Царовска кажа дека Владата препорачува во погоните кај што работата поголем број работници да се реорганизира работата во четири смени за да се намали бројот на директно изложени работници и да се дезинфицираат редовно погоните.