Пресуди за „Таргет-Тврдина“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Масовното нелегално прислушување од 2008 до 2015 се случувало во Управата за безбедност и контраразузнавање(УБК), а целиот процес го организирал екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, кој во тој период бил многу моќен, потврди Судот со денешната пресуда за „Таргет-Тврдина“. Мотивот бил да се има контрола над целото општество. Мијалков е осуден на 12 години затвор и до правосилност на пресудата ќе биде во притвор во „Шутка“.