Вообичаените препукувања на социјалните мрежи на најголемиот наш празник 2 Август – Илинден не се исклучок и овојпат. Дали меѓупартиски дали меѓу членовите или симпатизерите на двете најголеми партии, без разлика.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски оддава почит на Никола Карев, на загинатите Илинденци на Мечкин Камен и присуствува на Панихидита во црквата Св. Никола во Крушево, но, има само видео обраќање, наместо говор во живо. Челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека делегација на неговата партија нема да присуствува на, цитирам, „циркускиот церемонијал на Пендаровски“, а од Кабинетот на претседателот на државата реакција дека досега не се случило некој наш политичар да искаже такво непочитување на најголемите херои на македонскиот народ.
Видете и ова: Подготвени ли се државите за отворен Балкан од 2023 година?Сашо Станојковски реагира: „Срамно од Владата да нема говор претседателот, ја турна Македонија во кал оваа влада, сѐ што е македонско уништија“. Горан Симевски со различна перспектива: „Тоа е ВМРО и лажниот патриотизам, затоа до овој степен дојдовме, а се удираат во гради и политичарите и нивните гласачи како лажни патриоти, ние сме Македонци бре, народе, обединети треба да бидеме, треба да учиме уште многу за обединувањето од Албанците“.
Љубо Обочки со поостар речник: „Вмровските ..... го претворија 2 Август во евтин циркус и во плукање кон власта...“ Ѓорѓи Ристески со свое мислење за неприсуството на делегација на опозициската партија: „Одлично... што бараат на час по пантомима“, а потпишаниот со Шарам Барам му се обраќа на Мицкоски: „Кога пушташ кловној како Александар Пандов на коњ качени, нормално дека циркус ќе гледаме“. Бобан Неделковски задоволен: „Одлично, за прв пат ќе бидеме сведоци на вистинско одбележување на празникот без ДПМНЕ да си ги исфрла своите фрустрации“.
Видете и ова: Пандемијата донесе и повисоки трошоци за живот
Речиси неодминливи се и коментарите на нашата ФБ страница во врска со пандемијата, но овојпат доминираат антиваксерите. Последната бројка на новозаразени е поголема од претходната – направени се над 5000 тестирања, а регистрирани се 81 нов случај, повторно најмногу во Скопје и Тетово. Шаиин Хусеин вели: „Прашањето е колку од тие се вакцинирани, да кажат“, а Аца Китаноска, како да знае, му одговара: „Сигурно сите пошто и вакцинирани се заразуваат“. Весна Тренеска се чуди бидејќи „сите се во Охрид. Кој се тестира не разбирам“, а и Толе Горгиоски како да не верува во бројката тестирани граѓани: „Кој се тестира на овие температури, до кога ќе го лажат народот?“