За некој месец и кај нас ќе пристигне вакцина против корона вирусот, а приоритет ќе имаат ризичните групи граѓани, според министерот за здравство, Венко Филипче. Но судејќи според непријателски настроените граѓани, барем оние што коментирале на ФБ страницата на РСЕ, познатите предрасуди за вакцината и натаму се присутни.
Потпишан со Хуго Бос Хуго Бос смета дека корона нема, „пуста да остани таа корона, замина короната, доста ги плашите луѓето, само стрес, извадете ги 5Џи“, а Алма Алма се надоврзува, малку контроверзно: „Убија доста луѓе, можеби уште им требаат жртви, како ниеден политичар не се разболе, сѐ позитивни па после еден месец оздравеле, народот кој отишол на лекар и останал во болница умира“. Во друг пост, Алма Алма му се обраќа на министерот: „Прво ти прими ја таа вакцина да видиме како делува, па после народот ќе размисли“. Саша Михајловиќ иронизира дека „ризична група се политичарите“, а Славка Талевска напишала: „Многу врева кревате со таа вакцина, ама на крајот да не ви заврши како вакцината за свинскиот грип на Дрисла“.
Видете и ова: Надежите во вакцините засенчени од брзото ширење на пандемијатаВтората тема што последниве недели доминира на нашата ФБ страница се односите со Бугарија. Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов се вклучи во програмата на Радио 77 додека траеше интервјуто со премиерот Зоран Заев, при што призна дека историски факт е дека бугарската власт и царот биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значело дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Дел од граѓаните не се откажуваат од навредите и говорот на омраза спрема соседна Бугарија и од огромниот број постови тешко може да се цитира некој поразумен. Санде Трпезановски напишал: „Да, не треба да ве нарекуваме фашисти, ама и вие не нѐ нарекувајте Бугари“. Али Гулка Муратовски со прашање до Каракачанов: „Дали се сеќаваш на последната депортација на турското малцинство во Бугарија? Не сакам повеќе да коментирам, знаеме сѐ и за македонското малцинство каде и како го побугарчивте, јас не ти верувам, г-не Каракачанов дека имаш многу читано документи за Ваташа“. Премиерот Заев на предизборниот собир за градоначалник на Штип повтори дека секогаш ќе биде на страната која прави пријателски чекори кои отвораат перспективи за меѓусоседските односи, вклучувајќи ја и Бугарија, но не на сметка на идентитетот и јазикот. И по оваа информација не може да се избројат негативните коментари, како против Бугарија, така и против СДСМ и премиерот Заев, при што особено е активен Вуле Томоски, кому Ордана Николова му одговара прашувајќи го: „Кога беа изборите пред 4 месеци зошто луѓето повторно ги гласаа. Ветува остварува. Спрепките што му ги прават ќе ги надмине. Заев рече НАТО, и оствари. Сакале не сакале, тој е избраниот што како Македонци ќе влеземе во ЕУ. Препелкајте се колку сакате. Човекот има храброст и стрпливост. Каракачанов почна да попушта. Тие ќе имаат повеќе штета од нас за ова што го направија“. Во дебатата се вклучува Атанас Упевчев кому не му е „јасно што оствари (Заев). Тоа што не можеме да се викаме Македонци во изводот... наместо тоа пишува државјанин на... и наведено името на некоја држава (а не Република Македонија)...“ Ордана Николова му одговара: „... немам вадено извод, така што може да е лага тоа што го тврдиш. Многу лаги кажуваат“.