Православни божиќни прослави среде пандемија

Деца со традиционална облека во катедралата Света Троица во Тбилиси, додека Грузијците го слават православниот Божиќ.

Палење бадник пред белградскиот храм Свети Сава. Се верува дека традицијата на палење на дабот му претходела на христијанството, но сега таа е централен дел од прославата на ден пред Божиќ на поголемиот дел од Балканот.

Верници со маски за време на Божиќната миса во катедралата Свети Владимир во Киев.

Руските православни верници со маски за лице во катедралата Христос Спасител во Москва.

Гарегин Втори, поглавар на Ерменската апостолска црква, води богослужба на Божиќ. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан не присуствуваше на службата, бидејќи Гарегин го повика да си даде оставка поради неодамнешната војна во Нагорно Карабах.

Македонски православни верници во црквата Свети Климент Охридски во Скопје.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на православна Божиќна миса во мала црква од 13 век во близина на  Новгород.

Православните христијани одржуваат физичка оддалеченост во белградскиот храм Свети Сава пред Божиќната миса.

Божиќна миса во катедралата Нур-Султан, Казахстан. Православието е втора доминантна религија во претежно муслиманската земја.

Жена се моли во црквата на Рождеството Христово во градот Витлеем на Западниот брег. Христијаните веруваат дека пештерата во црквата е местото каде што се родил Исус Христос.

Рускиот патријарх Кирил служи Божиќна миса во катедралата Христос Спасител во Москва.

Србите во Косово присуствуваат на мисата во селото Гуштерица.

Луѓето слушаат божиќна беседа во катедралата Света Троица во Тбилиси.

Црногорските верници палат бадник во Цетиње.

Ерменците присуствуваат на Божиќната миса во Ереван.

Девојче пали свеќа за време на Божиќната миса во Казанската црква во Санкт Петербург, Русија.