Американскиот Сенат денеска го започнува второто судење за импичмент на Доналд Трамп, а поранешниот републикански претседател најверојатно ќе излезе од постапката со ослободителна пресуда, но со историско наследство со лоши модринки.
Правниот тим на Трамп смета дека Сенатот нема овластување за импичмент
100-те сенатори како судии треба да утврдат дали поранешниот претседател е виновен за „поттикнување востание“, односно за неговата улога во разгорувањето смртоносни немири во американскиот Капитол за време на свеченото потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тимот за одбрана на Трамп вчера го повика Сенатот да го отфрли судењето со образложение дека има уставни недостатоци и предупреди дека демократите спроведуваат „политички театар“ наместо правда.
„Документот за импичмент претставен од Домот е неуставен од повеќе причини, и не е основа за итно разрешување“, наведоа адвокатите на Трамп во документ на 78 страници во пресрет на неговото судење под обвинение за поттикнување смртоносни немири во американскиот Капитол.
Според анкетата на Еј-Би-Си њуз, мнозинството Американци - 56 проценти - го поддржуваат Сенатот да го осуди Трамп и да му забрани повторно да има јавна функција.
Кој ќе ја добие контролата врз американскиот Сенат?
Сепак, на 50-те демократи во Сенатот ќе им требаат најмалку 17 републиканци за да го осудат Трамп, исход кој се смета за многу неверојатен.
Демократите ќе се обидат да покажат дека говорот на Трамп пред толпа приврзаници, како и повеќенеделни лаги за украдени и наместени претседателски избори, предизвикаа толпата да упадне во Капитол.
Видете и ова: Бајден: Трамп не треба да добива разузнавачки брифинзиДодека демократите го водат случајот, американскиот народ исто така ќе може самиот да формира своја пресуда додека ги гледа телевизиските преноси од постапката.
Иако многу републикански сенатори ги осудија постапките на Трамп околу немирите во Капитол, само мал број покажаа подготвеност да го осудат човекот кој сè уште е популарен во базата на партијата.
45 од 50-те републикански сенатори го поддржаа обидот во минатиот месец да се отфрли судењето преку процедурално гласање. Републиканците тврдат дека импичментот на претседател кој ја напуштил функцијата не е уставен, ставајќи акцент врз техничкиот, наместо врз политички експлозивниот проблем во врска со Трамп.
Сенаторот Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, еден од најблиските сојузници на Трамп за време на неговото претседателствување, изјави за CBS’s дека исходот од судскиот процес „навистина не се доведува под сомневање“.
Бајден ветува нова ера во американската надворешна политика
„Мислам дека сум подготвен да го завршам судењето за импичмент, бидејќи мислам дека тоа е очигледно неуставно", рече Грем, додавајќи: „што се однесува до Доналд Трамп, тој е најпопуларната фигура во Републиканската партија. 6 јануари беше многу лош ден за Америка и тој ќе го добие својот дел од вината во историјата“.
Сенаторот Бил Кесиди, републиканец од Луизијана изјави дека демократите завршија „неверојатно лоша работа“ градејќи случај против Трамп. „Ако се случеше во Советскиот Сојуз, ќе го наречевте шоу-судење“, рече тој.
Пред постапката, менаџерите за импичмент на демократите кои дејствуваат како обвинители забележаа дека во Уставот нема „јануарски исклучок“, се мисли на крајот на претседателскиот мандат во јануари.
„Претседателите не добиваат неказнив премин за извршување високи злосторства и прекршоци при крајот на нивниот мандат“, напишаа менаџерите за импичмент.
Сенаторот Крис Марфи, демократ од Конектикат, за неделникот Фокс њуз изјави дека Сенатот има „уставна одговорност“ да го одржи судењето за импичмент.
„Има јасен преседан Сенатот да го спроведе судењето за импичмент дури и откако некој функционер ја напушти функцијата, и затоа мојата анализа тука некако започнува и завршува со она што е моја уставна одговорност“, рече тој.
Во пресрет на второто судење за импичмент на Доналд Трамп, секретарот за печат на Белата куќа, Џен Псаки, им изјави на новинарите дека ставовите на претседателот Џо Бајден за поранешниот претседател се јасни, но дека „ќе му остави на Сенатот“ да го повика на одговорност.
„Тој нема да помине премногу време гледајќи го судењето“, изјави таа за време на нејзиниот секојдневен брифинг.